Колку години треба да има детето кога ќе го добие првиот мобилен телефон? Ако сакате среќен живот за вашите деца, психологот Лори Сантос од Универзитетот „Јејл“ има едноставен одговор на ова прашање – чекајте што подолго.

Децата на возраст од 8 до 12 години поминуваат нешто помалку од пет часа дневно „залепени“ за своите телефони, а кога ќе станат тинејџери, времето пред екранот се зголемува на дури 8 часа секој ден, покажало истражувањето.

Децата ретко го користат тоа време за креативни и корисни работи, како на пример кодирање или создавање корисна содржина.

-Најголем дел од времето се троши на „скролање“ низ социјалните мрежи и гледање видеа – вели Мајкл Роб во својата анализа.

А тоа, тврди Сантос, е патот до сериозно оштетување на менталното здравје. Поаѓајќи од фактот дека социјалните медиуми ги изложуваат децата на висок ризик од сајбер-насилство, говор на омраза и дискриминација, не смееме да заборавиме дека на интернет детето лесно може да наиде на злонамерна, вознемирувачка и несоодветна содржина.

„Тинејџерите секојдневно добиваат околу 200 известувања на своите уреди. Нивниот мозок сè уште се формира и им треба помош да се фокусираат на училиштето и на домашните задачи, а не на дистракцијата од постојаните звуци од нивните телефони“, смета Сантос.

Ако им ја скратиме употребата на телефони на децата под 14 години, тоа нема да им наштети на ниту еден начин, но ќе им донесе многу придобивки:

-помал ризик од анксиозност и депресија
-подобар квалитет и квантитет на спиење
-повеќе време за физичка активност надвор.

И родителите треба да следат сличен модел, тврди Сантос.

„Ако сте постојано на телефон, ќе ви биде тешко да ја оправдате одлуката дека вашето дете не може да го добие својот паметен телефон. Децата нема да сакаат да прават како што ќе им кажете, туку како што ќе им покажете“, заклучува овој психолог од „Јејл“.

Извор



912

X