Воспитување

Психолог: Навиката број 1 што ги издвојува успешните луѓе од другите

Сигурно сте ја слушнале познатата изрека од постари и помудри луѓе – патот до успехот е распослан со трње? Така ни велеа секогаш, а ние растевме со тоа убедување.

Успешни бизнисмени, милионери, спортисти, олимпијци, светски познати актери и пејачи, сите тие, речиси без исклучок, ќе кажат дека единствената тајна е да работите многу напорно и да ги поместувате сопствените граници. Иако ова несомнено важи за мнозинството вистински успешни луѓе (малцинството едноставно има доволно среќа и талент), напорот не е она што ги дели успешните од неуспешните. Тоа е одморот по напорната работа, вели Сара Саркис, психолог во компанијата „Ексос“, која се занимава со зголемување на продуктивноста на компаниите, а има соработувано и со познати спортисти и брендови како „Интел“ и „Хумана“.

„Грешиме кога мислиме дека успехот е резервиран за оние што секогаш се на 100% од своите можности, работат 16 часа на ден и никогаш не одат на одмор“, објаснила Саркис „И кога слушаме за приказните на таквите луѓе, си мислиме дека сме мрзливи, недисциплинирани, без фокус и мотивација. А тоа всушност не е вистина“.

Луѓето што секогаш си даваат простор да се одморат од напорната работа се оние што нашле совршена рамнотежа помеѓу материјалната благосостојба и личната среќа. Освен тоа, истражувањата покажале дека работата без соодветен одмор ги намалува продуктивноста и креативноста.

Како да се одморите?

Не треба да го менувате целиот распоред за да го вклопите одморот во вашата рутина. Сара Саркис ги советува своите клиенти прво да ги погледнат нивните секојдневни активности и да проценат колку енергија трошат: Како го поминувате поголемиот дел од вашето време? Кои активности ги полнат, а кои ви ги трошат батериите?

– Има активности кои се „кредитни“ и оние другите кои се „дебитни“. Секојпат кога правите нешто што ви дава енергија и придонесува за вашето ментално и физичко здравје, го зголемувате вашиот „кредит“ и обратно – секојпат кога работите до доцна или прескокнувате оброк, тоа се дебитни активности – објаснува Саркис. „Ако вашите кредитни и дебитни активности се совпаѓаат во вашата дневна рутина, ќе видите напредок во сите области од вашиот живот“.

Како терапевтски активности и начини за да го „кренете кредитот“, таа ги предлага водењето дневник, шетањето и дружењето со пријателите. Саркис вели дека овие работи не треба да ги правиме кога имаме време за нив, туку да ги ставаме во календарот, како што правиме со активности како преглед на лекар или деловен состанок.

Што и да треба да направите за да заздравите од напорната работа, верувајте дека вреди. Оние што навистина го вклучуваат тоа во секојдневието, многу брзо ќе ги почувствуваат придобивките од таквата навика, само доколку се доследни, тврди Сара Саркис.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top