Минатата година во градските подрачја во Македонија живородени се 11.258 деца или 59,2% од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40,8% деца се живородени во селските подрачја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,8%, а најмало Источниот регион со 6,1%.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

-Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години, а 28,4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,1 година, а во селските подрачја 25,9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2,2 години – стои во извештајот.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Во него се додава дека природниот прираст е негативен и изнесува -4.690 лица во градските подрачја и -2.034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Насловна фотографија: Unsplash



912

X