Воспитување

Првите чекори на бебето – одговори на прашањата што ве интересираат

Првата година на бебето е полна со важни настани, а еден од најважните се првите чекори на бебето. Ова е важно како потврда дека бебето е физички подготвено, но и како нов начин бебето да го истражува светот.

Првите чекори на бебето ќе останат запишани во вашата меморија засекогаш. Тоа е една од оние пресвртници на кои секогаш ќе се сеќавате, но тешко е да се чека. Мора да запомнете дека бебињата се различни и секое од нив ќе почне да оди кога ќе биде подготвено. Сепак, ова треба да се случи околу првиот роденден на бебето.
Додека едно бебе ќе прооди на 11 месеци, друго може да чека неколку месеци по првиот роденден. Меѓутоа, доколку бебето не оди ниту на 16 месеци, консултирајте се со педијатар. Првите чекори на бебето ќе бидат несмасни и несигурни, па затоа е добро да сте во близина и да ја дадете потребната сигурност.

Знаци дека бебето наскоро ќе прооди:

-Се крева само во стоечка положба
-Стои додека си игра
-Стои без потпирање и поддршка

Како да се поттикне одењето?

Одењето започнува кога бебето ќе се чувствува удобно на своите нозе. Охрабрете го вашето бебе да игра стоејќи. Оставете го да стои без поддршка, а вие ќе го поттикнете на тоа ако му дадете играчки во двете раце.

Кога бебињата се стабилни на нозе, време е за нов предизвик. Можете да ги поттикнете да преземаат мали чекори на мали растојанија. Ако сакате да ги поддржите во овој период, држете ги за ребрата, а не за рацете, за да ја поттикнете употребата на мускулите на трупот.

Папучи или чевли?

Ниту едното ниту другото! Но, сè зависи од моменталните услови, односно од годишното време и од областа во која се наоѓа бебето.
Најдобрата опција е дефинитивно да го оставите бебето да оди босо. Ако тоа не ви е опција, најдобро е да му облечете папучи во кои бебето ќе се чувствува како да е босо.

Дали треба да се плашиме од паѓање?

Не! Првите чекори на бебето ќе бидат несмасни и во првиот период бебето сигурно ќе падне. Но, бебињата мора да научат да паѓаат. За да ги заштитите, проверете дали нема ништо остро или опасно во областа во која се наоѓаат и останете блиску до нив, додека не ги совладаат основните работи.

На што треба да се внимава?

Движење на прстите – некои деца одат на прсти поради слабиот тонус на мускулите, скратена или затегната Ахилова тетива или едноставно поради навика.

Враќање на ползење – некои бебиња ќе се вратат на ползење по експериментирањето. Можеби ќе направат неколку чекори и ќе го изберат ползењето како начин на движење. За да ги поттикнете да одат, скратете го растојанието што го барате од нив. На тој начин бебето полесно ќе стекне доверба во одењето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top