Сигурно веќе направивте планови каде да побегнете во текот на овие топли денови – на море, планина или езеро. Доколку сте новопечени родители на мало бебе, сигурно ве мачат многу прашања околу организацијата, должината на патот, што сѐ треба да понесете, кои лекови, кои играчки…

Но, ако планирате да одите на одмор во друга држава, не заборавајте дека и бебето треба да има пасош. Во продолжение прочитајте која е процедурата доколку сте разведени или имате дете со партнер со кого не сте во брак.

Барањето за пасош треба да го поднесете вие бидејќи се работи за малолетно лице.

Еве кои документи се потребни за дете до 4 години: Лично присуство на детето.

– Извод на родените – може постар или фотокопија.

– Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.

– Барање:

1.500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

– 100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

За деца до 4 години, пасошот се издава со рок на важење од две години.

За лица од 4 до 27 години, пасошот се издава со рок на важење од пет години.

Дали двајцата родители треба да бидат присутни?

– Двајцата родители треба да се присутни при поднесувањето документи за пасош за детето. Доколку едниот не е во можност да дојде, потребно е да му даде полномошно, заверено на нотар, на другиот родител. Исто така, ако само едниот родител е во можност да дојде со детето, може, доколку нема полномошно, да приложи венчаница, но ќе треба да се причека од 15 до 20 дена да се подигне пасошот затоа што се врши проверка.

Каква е процедурата ако родителите се разведени?

Согласно член 7 од Законот за патни исправи, ако лицето до навршени 14 години живот патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател или е во присуство на друго лице, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи, или нотар односно од дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во странство.

Доколку едниот родител не даде согласност, тогаш е потребно другиот родител да се обрати до Центар за социјални работи.

Каква е процедурата ако родителите не се во брак?

– Доколку детето е законски признаено од родителите, а тие не се во брак, важи законот како и за родители што се во брак.



912

X