Ценетиот детски психијатар, проф. д-р Светомир Бојанин, во емисијата „Агапе“ зборуваше за потребата на децата од игра и за тоа дека е сосема природно што не можат да го одложат задоволството од игра заради некое идно добро што им е ветено доколку се вредни ученици.

На прашањето како да се поттикне детето да го одложи задоволството од играње и гледање телевизија и да седне да учи, без да биде присилувано, проф. Бојанин дава одговор кој многу родители веројатно нема да сакаат да го слушнат:

– Самиот факт што го прашувате тоа значи дека детето ви додева. Никогаш не сте се заиграле така што ќе ја претворите таа игра во некаква мудрост. Затоа што мудроста е кога детето ќе научи дека едното стапче е поголемо, а другото помало. Кога ќе ставите две еднакви стапчиња едно до друго, поместете го едното малку налево или надесно и прашајте го детето кое стапче е подолго. Тоа се игри кои детето ги игра со други деца. И ако му поставуваме такви задачи и проблеми, тоа никогаш нема да бега од книгата. Штом бега од книгата, сме направиле е погрешно.

Букварите денеска се поинакви отколку во наше време и тоа е многу убаво. Но, ние не го следиме тоа. Не следиме што можеме да добиеме од сето тоа за да им олесниме на децата да учат. Математиката во второ и трето одделение треба да биде игра за децата. А ние наместо детето да научи да собира и да одзема до 20, веднаш го брзаме да научи до 100, до 200. Проблемот не е што тоа учи да собира до 200, туку проблемот е како да се пробие десетката и детето навистина да го разбере сето тоа.

Не гледам денес наставник кој работи со деца и го знае и методот Комениус и методот Монтесори и сите други и потоа ги применува во зависност од детето. Како доктор, познавам неколку видови лекови за депресија и не секој лек е погоден за секој пациент. Наместо тоа, сите тие работат фронтално, на ист начин со сите деца, како тие деца да се сите еднакви.

Животот е сериозна работа. А не можеме административно да управуваме со животот и биологијата. Ниту државно, ниту семејно, ниту лично. Но, кога децата ќе успеат да научат нешто, треба да ги пуштиме и да ги следиме нивните барања“ – е одговорот на доктор Бојанин.

Извор



912

X