Воспитување

Проф. д-р Бојанин: Како се однесуваме, како изгледаме, така и воспитуваме

Професорот д-р Светомир Бојанин, невропсихијатар, смета дека процесот на воспитување е наш природен однос кон децата и сето она што тој однос го подразбира. Тоа е размена на емоции, комуникација, давање пример на децата како нешто да се прави, давање поддршка во текот на растењето и во однос на поттикнувањето во обидите да се совладаат предизвиците и проблемите што го следат детето во текот на неговиот развој. Нема воспитување по упатство. Тоа не е можно…

Детето се воспитува и така што активно учествува во животот на семејството. Тоа го набљудува и впива сето она што се случува пред него. Начинот на кој родителите комуницираат, решаваат конфликти, соработуваат, разменуваат емоции, начинот на кој се однесуваат кон луѓето од својата околина, кон светот, кон обврските и должностите. Сето ова се рефлектира врз детето. Тоа сѐ усвојува и така го гради својот однос кон светот и кон луѓето. Доколку родителите бараат од детето да биде пристојно и да ги почитува другите, а притоа се расправаат пред него, или да биде уредно и, на пример, да го намести својот кревет наутро, а тие самите не го прават тоа, тогаш сето тоа нема никаква смисла. Бидејќи децата се воспитуваат набљудувајќи ги своите родители.

„Како се однесуваме, како изгледаме – така и воспитуваме“.

Ако не ги миеме рацете пред и по јадење, а од детето бараме да го направи тоа, создаваме конфликт и на тој начин ја уништуваме заемната доверба која треба да постои помеѓу родителите и детето.

Родителите треба да бидат спремни, да се потрудат, да заслужат да им бидат примери на своите деца.

Да останат доминантни меѓу мноштвото личности со кои детето се среќава во текот на своето растење, како непосредно така и по пат на медиумите.

Обврска и должност на родителите е детето од училишна возраст да го поттикнуваат, а во крајна линија дури и да го принудат на учење. Меѓутоа, по тој пат нема многу да постигнеме. Напротив – можеме да придонесеме кон стекнување аверзија кон учењето и училиштето. Некои деца и со обезбедени оптимални услови и сите тие „предавања“ и понатаму не сакаат да учат. Родителите се загрижени и не знаат што да прават, се прашуваат како да ги поттикнат.

Притоа го немаат земено предвид фактот дека децата никогаш не ги гледаат ниту како читаат весници, а камоли книги. Родителите треба да се потрудат да развијат љубов кон книгите и читањето кај детето, најпрво преку сликовниците, а подоцна и преку посериозна литература. Родителите треба да им го „засладат“ учењето, детето да сака да учи. Од тоа зависи дали детето ќе биде успешно на училиште или не.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top