Работата со деца многу нè инспирира, па еве, накратко, една сеанса со момче (8 години) што се плаши од чудовишта:

Слушам некој тука се плаши?
Да, се плаши мојата десна рака.

Како се вика таа? Ајде да ѝ дадеме име?
Бидејќи е храбра, нека се вика Храбрица.

Од што се плаши таа?
Се плаши да не ја видат чудовиштата и затоа се крие.

Какви се тие чудовишта, во каква боја се?
Имаат сини очи, црвен нос, зелени уши, жолта уста, виолетова коса, розови раце и портокалови нозе.

Ќе го нацртаме ли чудовиштето?
(го црта)

Како се вика?
Лоракс.

фотоизвор: zelenaucionica. com

Ајде да му се обратиме. Лоракс, зошто се плашат од тебе ? Каков си ти?
Јас сум среќен, а тие се несреќни, јас сум им пријател на децата, живеам на планината Демол и таму е прекрасно и весело.
Сега кога видовме дека не е страшен, им стана пријател и на децата и на Храбрица.

Ајде да ја доцртаме раката што се плашеше покрај Лоракс.
Ја црта својата рака и вели: „Приказната е готова“.

Стравот може да се надмине единствено со соочување и излагање, никако со потиснување и избегнување. Тоа е нормална појава, дел од човековата природа и е минлив. Соочувањето со стравот е израз на храброст, затоа детето ја нарекло својата рака Храбрица.

Автор: Тамара Митровиќ, психолог, психотерапевт



912

X