„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ започнува со нов циклус на кратките онлајн-курсеви: „Учиме да читаме и пишуваме“, „Вовед во математика 1“, „Вовед во математика 2“, „Бибиверзум за најмалите“ и „Уметност со Биби и Боби“. Наставата ќе започне на 29 ноември. Пријавувањето се врши преку пополнување на формата на овој линк https://svetotnabibi.mk/bibiverzum2021

Часовите ќе се одржуваат онлајн преку платформата „Зум“. Секој пријавен учесник треба да има на располагање уред за следење онлајн-настава и интернет-конекција. Се препорачува наставата да се следи од компјутер, десктоп или лаптоп за подобар преглед на содржината.



912

X