Игротека

Зошто е добро да се игра со пластелин?

Освен што е забавен, пластелинот е и добар начин за вашето дете да ги користи своите раце и да ја подобри својата координација, да го истражува јазикот и да биде дел од слободна и имагинативна игра. На малите рачиња им е потребно време за да научат како да ги држат предметите нежно, да прават мали подобрувања, да ги стекнат оние вештини што возрасните секојдневно ги користат.

Размислете за координацијата која е потребна за свирење на пијано, користење на ножички или операција на мозок. Којзнае какви вештини ќе треба да развие вашето дете? Играњето со пластелин е одлична можност за проширување на јазикот, исто така.

Квалитетите како упорност, одлучност и отпорност се ставени на тест кога детето ќе достигне училишна возраст, па формирањето структури од пластелин, експериментирањето, поразите и успесите можат да го поддржат развојот на овие квалитети.

Што може да направите со пластелин? Може да го стискате, да го гмечите, да го поделите, да го вртите, да формирате топки, да го сечете, да го редите или да правите од него „торти“ и „колачиња“ – листата со работи што ќе ги направи детето и зборовите што ќе ги користи за да ги опише е бескрајно. Ако имате време да играте покрај своето дете, можете да го споредите и вашето искуство – дали пластелинот е мек или цврст? Дали идејата функционира? Може ли да биде подобрена? Можеме ли да ги уочиме разликите – моето е повисоко, твоето е пошироко… основни броеви и броење и едноставни споредби може да се земат предвид додека се игра. Пица од пластелин, можеби?

Мојот син навистина долго го задржува вниманието во споредба со многумина од неговите другари и верувам дека за тоа е заслужна слободната игра додека беше малечок. Целосното препуштање на активноста значи стекнување вештини кои навистина ги ценам во животот и сакам и тој да го има тоа чувство. Живееме во дигитален свет каде што брзата доза на допамин предизвикана од играњето на уреди е лесно решение за децата да бидат постојано „ангажирани“ со нешто. Но, правењето пластелин е лесно и евтино и не одзема многу време, а и вие можете да му се приклучите на вашето дете, па целата таа активност да го задржи активно одредено време.

Квалитетите како упорност, одлучност и отпорност се ставени на тест кога детето ќе достигне училишна возраст, па формирањето структури од пластелин, експериментирањето, поразите и успесите можат да го поддржат развојот на овие квалитети.

Рецепт за пластелин:

2 шолји брашно, половина шолја сол, 2 малечки лажички масло за готвење, 1 лажиче прехранбена боја, 2 шолји зовриена вода.

1. Помешајте ги сите суви состојки, потоа додајте масло, потоа водата и мешајте додека пластелинот не стане хомогена смеса.

2. Оставете да се излади пред да му дозволите на детето да го допре.

Пластелинот може да го чувате во фрижидер неколку дена.

Автор: Дебора Хајд – Пејн

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top