Иако е поминато долго време откако сме ги оставиле детските работи, ги заменивме тренирките и ранците со палта и актовки, кога се работи за бајките, кои се суштината на нашите ноќи пред спиење од детството, од некоја причина не сакаме баш да ги оставиме. Од потребата за „бакнување неколку жаби“ до „пронаоѓање на нашето среќни засекогаш“, гледањето безброј романтични комедии, како и возбудата за секоја кралска свадба, јасно е дека сè уште сме приврзани за тие бајки, без разлика колку е мала нивната врска со реалноста во секојдневниот живот.

Зошто толку сакаме да се остварат бајките? Зошто тие наративи остануваат со нас и по завршувањето на детството (и покрај лекциите што сме ги научиле низ животот)?

Детскиот психолог Сали Годард Блит, директор на британскиот Институтот за невролошка психологија и автор на книгата „Генијот на природното детство: тајните на просперитетните деца“, вели дека бајките содржат многу работи што можат да ги научат децата лекции за животот и навистина ни го даваат клучот до имагинарните искуства кои нè обликуваат во текот на животот.

– Бајките се важни не затоа што им покажуваат на децата каков е животот, туку затоа што им даваат форма на длабоките стравови и соништа за животот преку фантазијата. Важно е да се запомни дека децата ги сфаќаат овие приказни на развојното ниво за кое имаат способност. Во бајките секогаш е јасно дека не се работи за реалниот свет. Ликовите може да не му се познати на детето, но проблемите и чувствата со кои се справуваат ликовите често се среќаваат во реалниот свет. Бајките им покажуваат на децата начин да сфатат некои од навистина тешките и збунувачки чувства, кои сè уште не можат сами да ги обработат – вели Годард Блит.

Прво, објаснува таа, црно-белата филозофија на бајките им помага на децата да се чувствуваат пријатно и тоа ги прави совршени за учење важни животни лекции, на пример, за однесувањето и основната моралност.

– Едноставниот наратив за добро и лошо во бајките и нивните ликови им помагаат на децата да се справат со неизвесноста – која ги прави анксиозни. Кога уште на самиот почеток се поставува овој контраст, без разлика каква е приказната, тоа им помага на децата да се чувствуваат безбедно и удобно како што се развива приказната. Па дури и ако херојот или хероината во приказната се соочува со тешкотии, децата се убедени дека ликот ќе оди во вистинската насока.

Спротивно на тоа, злобните маќеи, вештерки, тролови, волци, кои го отежнуваат животот генерално за секого, нудат друга важна животна лекција.

– Учењето дека постојат лоши луѓе во светот не е секогаш лоша работа за децата. Не секогаш им помагаме на нашите деца ако им дозволиме да веруваат дека светот во кој растат секогаш ќе биде пријатен или дека другите луѓе секогаш ќе ги разбираат и ќе им даваат одобрување – вели Годард Блит.

Бајките им дозволуваат на децата да имаат безбедно место, каде што ќе може да ја истражуваат идејата дека животот не е секогаш лесен, дека работите може да тргнат на лошо и дека луѓето немаат секогаш добри намери. Истовремено, бидејќи добрите ликови се обично „наградени“ на крајот, тоа е начин да се зајакне оптимизмот кај децата во однос на тоа да се биде љубезен, внимателен и искрен.

Тука се и специфичните лекции што децата ги добиваат преку бајките, кои може да им помогнат да развијат важни животни вештини. Во „Грдото пајче“, на пример, децата дознаваат за пајчето кое не може да се вклопи, кое е различно од другите и кое другите пајчиња го задеваат. Тие го препознаваат тоа чувство на неможност за вклопување, го разбираат, бидејќи многу деца имаат такво чувство во различни ситуации, дали е тоа првиот ден во градинка или училиште, или едноставно кога се обидуваат со нешто ново, па се несигурни и исплашени. На тој начин учат да имаат емпатија, да разберат колку е важно да се биде љубезен. И потоа, се разбира, пајчето се претвора во прекрасен лебед што ги учи да не судат според надворешноста и дека луѓето може да се менуваат и да еволуираат во текот на животот.

Во „Новата облека на царот“ децата учат да зборуваат и да бидат гласни кога ќе уочат дека нешто не е во ред, дури и кога сите други се однесуваат како сè да е во ред – фактот што доволно е само да му кажеш на дете – „носот ти расте“ за тоа да сфати дека неговите лаги се препознаени (за тоа помага приказната за Пинокио), а тука е и важната лекција на „Црвенкапа“ во врска со опасностите при зборувањето со непознати лица. Сите тие лекции може да се сретнат и во секојдневниот живот на децата.

Како што растеме, бајките остануваат со нас и според Годард Блит, тоа не значи нешто лошо (иако треба да се обидувате и со други жанрови на филмот). „Како возрасни лица, бајките за нас се утешителни бидејќи ни се познати. Нè потсетуваат на период од нашето детство пред да имаме обврски и пред да дојде целата таа неизвесност и несигурност на возрасниот живот. И пораката на секоја од нив е позитивна – тие среќни краеви ни даваат осигурување дека некако, на некој начин, со текот на времето, на крајот, сè ќе биде добро“, вели Годард Блит.

Добра животна лекција – без разлика дали се мажите/жените за згоден/згодна принц/принцеза или некој што е повеќе како жабата во бајките.



912

X