Здравје

Претерувањето со смартфоните ни го оштетува телото. Какви сè проблеми се создаваат, објаснуваат од „Жан Митрев“

Тимот од физиотерапевти при клиничката болница „Жан Митрев“ се вклучува во кампањата за одбележување на Денот на физиотерапевтите со спроведување физиотерапевтска процена/прегледи на локомоторниот апарат со 50% попуст. Акцијата ќе трае од 10 до 30 септември 2019

Постурата претставува начин на кој го држиме нашето тело. Постојат два вида. Првиот е динамичен став, т.е. како го држите телото кога се движите, шетате, трчате или се наведнувате за да земете нешто. Вториот е статички став – како го држите телото кога не се движите, седите, стоите или спиете.

Сигурно не можеме да замислиме еден ден без мобилен телефон. Тој стана дел од нашиот секојдневен живот, па стануваме зависни од него во многу ситуации. Но, она што многу од нас не го знаат е дека прекумерната употреба на мобилните телефони предизвикува оштетување на нашето тело. Експертите сè повеќе зборуваат на оваа тема и не можеме да ги игнорираме бидејќи нашата цел е да обезбедиме удобност и квалитетен живот за луѓето преку ергономијата.
Во најголем број од случаите проблемите настануваат од погрешната позиција на телото при користење на мобилниот телефон.

Најчести проблеми што се јавуваат при прекумерното користење на смартфоните се:
– главоболки;
– болки во рамениот појас;
– искривување на ‘рбетниот столб;
– оштетување на видот.

Извор: „Жан Митрев“

Од илустрацијата може да се заклучи дека ‘рбетниот столб се подложува на сила според положбата на главата.
Во неутрална положба со агол од нула степени имаме оптоварување од 6 килограми, што би било тежината на нашата глава, но со зголемување на аголот оптоварувањето врз ‘рбетот се зголемува.
Најчестата положба што ја заземаме е околу 30 степени, што е околу 18 килограми тежина.

Да научиме како да не го оптоваруваме телото

Вообичаено трошиме од 2 до 4 часа дневно на нашите смартфони, што значи дека нашето тело е изложено врз огромен притисок. За да ги избегнеме овие проблеми и да си го зачуваме нашето здравје, мораме да научиме како да ги користиме уредите без да го оптоваруваме нашето тело.
Потребно е секогаш телефонот да го држиме на ниво на очите и така ќе се принудиме да ги држиме главата, вратот и рамената во подобра положба.
Треба периодично да ја движиме главата од едната на другата страна за протегнување на мускулите.
Застанете на вратата, истегнете ги рацете и наведнете го градниот кош. Ова ќе помогне да се релаксираат мускулите кои се фиксираат во една положба при долго користење на паметниот телефон.

Се намалува капацитетот на белите дробови

Неправилната позиција на телото може да го намали капацитетот на белите дробови за дури 30%, со што се зголемуваат шансите за кардиоваскуларни болести.
За да не дојде до нарушување на постурата, потребно е секојдневно да вршиме физичка активност – трчање, пливање, вежби за истегнување, јога…

Попуст за прегледи

Тимот од физиотерапевти при клиничката болница „Жан Митрев“ по повод Денот на физиотерапевтите, 8 Септември, се вклучува во кампањата за одбележување со спроведување физиотерапевтска процена/прегледи на локомоторниот апарат со 50% попуст. Акцијата ќе трае од 10 до 30 септември 2019.
Закажување за промотивен физиотерапевтски преглед може да се направи на следниот телефонски број: 02/3091500 или 02/3091 484 – секој работен ден од 8 до 20 часот.
Врз основа на спроведен физиотерапевтски преглед секој пациент добива индивидуални препораки за понатамошен третман или дополнителна дијагностика.
Мултидисциплинарниот пристап за третман на мускулно-скелетни заболувања, како и достапност до најсовремена брза дијагностика во комбинација со долгогодишна клиничка пракса е можност за навремен и ефикасен третман.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top