Родителите кои ги игнорираат своите деца и користат телефони наместо да им обрнат внимание, можеби ги изложуваат своите деца во ризик од депресија.
Кинески научници проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали биле жртви на родителско запоставување поради употреба на телефонот.
Децата што имале родители кои биле опседнати со телефонот покажале повеќе симптоми на депресија при пополнување на прашалникот отколку оние што добивале внимание.
– Родителското игнорирање е феномен при кој родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракциите родител-дете, а детето се чувствува исклучено – објаснуваат тие.
Примери за родителско игнорирање се редовно проверување на телефоните за време на оброците и постојано гледање во екранот.
Кинеското истражување побарало од учениците да пополнат прашалник, рангирајќи ги нивните перцепции за родителската топлина и отфрлање. Децата биле на возраст од 10 до 18 години, а просечната возраст била 13 години.
Научниците објаснуваат дека во нивното истражување поставиле 20 прашања, а од учениците побарале да ги рангираат симптомите на депресија во изминатата недела на скала помеѓу 1 и 4. На оваа скала еден бил еднакво со нула, а четири „многу“.
Кога истражувачите ги процениле овие податоци, откриле дека колку повеќе време родителите поминуваат на телефоните кога се во близина на нивните деца, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија.
Децата чии родители постојано биле на своите телефони се чувствувале отфрлени и доживеале помала топлина од родителите, и мислеле дека родителите повеќе се заинтересирани да зјапаат во екраните отколку во нив.
912