Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Ќерка ми има 2 години и 4 месеци. Ја одбив од цицање пред неполни 2 месеца и оттогаш почна да бара цело време да ја носам в раце по дома, надвор… Секое сабајле се буди со врескање, се треска од земја и не престанува додека не ја земам в раце и така додека не се расони, а тоа е цел саат. Откако е родена е само со мене, не сака кај никој друг в раце. Има 15 кг и веќе немам сила. Ако не ја земам и ја оставам малку да поплаче, сопругот ме напаѓа дека не сум одговорна мајка. Очекував дека кога ќе престане да цица, ќе се оддели малку од мене, ама сега е уште поприврзана. Во градинка ни со врски не успевам да ја запишам.

ОДГОВОР: Однесувањето на вашето дете е карактеристично по одбивање од доење кое траело повеќе од две години. Тоа е така бидејќи детето научило да се фиксира за доењето, односно за дојката каде што имало чувство на удобност, задоволство, сигурност.


Штом таквата навика се сменила, детето станало раздразливо, неспокојно барајќи друг извор на пријатност, задоволство манифестирајќи тантруми или изливи на фрустрација.
Ова е период кога треба да бидете трпеливи и да го стимулирате чувството на смиреност и релаксација преку други активности, најчесто воведени пред спиење како ритуали: топла бања, читање приказни, масажа итн.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X