Специјалистот по кинези-терапија Ана Марија Јагодиќ Рукавина објаснува зошто на децата им е многу поважна играта од спорот за да се развиваат.
Секој спорт е екстремен бидејќи се развива само еден дел од телото. Долниот дел во однос на горниот како фудбалот, или обратно, горниот дел во однос на долниот како гимнастиката, десен во однос на лев кај спортовите каде што е доминантна една рака како тенисот, или предниот дел од телото во однос на задниот, како што е веслањето.
Децата никако не треба да се поттикнуваат да се занимаваат со натпреварувачки спорт пред десеттата година и тоа особено не со оние спортови што имаат ротациско движење бидејќи тоа може да го оштети нивниот ’рбет, кој уште не е развиен и расте. Ако детето навистина покажува афинитет за некој спорт, ако тоа е негова силна желба, тогаш треба да му се дозволи, но само ако основните движења на телото веќе добро му се развиени. Во спротивно може да дојде до повреди и исцрпување на младото тело.
Децата смеат да се занимаваат со одреден спорт најмногу трипати неделно. Тренингот кој ја преминува таа мера бара компензација, а тоа значи – повеќе спиење, хидрирање, ментално и физичко опуштање.
Ако телото нерамномерно се развива поради занимавање со спорт, може да страдаат зглобовите и да се наруши нервниот систем бидејќи нема доволно одмор. Последиците може да бидат и психички бидејќи целото битие на детето не може да се манифестира во спортот. Тоа станува ограничено, бидејќи поради денешниот пристап, се насочува на резултати и цели, наместо кон уживање во активностите.
Автор: Ивона Савиќ