Воспитување

Правилниот (и погрешниот начин) за разговор со вашето дете ако има проблем со фокусирањето

Вашето дете не се фокусира. Можеби е само зачудено од светот околу себе. Можеби целосно е исклучено од предавање на „Зум“, зјапа во една точка наместо да ја заврши својата училишна задача. Може да биде фрустрирачко кога детето не си ја извршува задачата, но и ако му речете: „Еј, слушај!“ нема да се реши проблемот. Родителите имаат важна улога во помагањето на детето со фокусирањето и концентрирањето – како одговарате на фрустрирачките моменти прави голема разлика во однос на тоа што е штетно, а што е од помош. Ваша цел е да поттикнете подолга концентрација и фокусирање кај вашето дете, па имајте на ум дека фокусот е вештина. Со мала стратешка помош и со трпение вашите деца може да ја развијат и подобрат таа вештина со текот на времето. Еве што велат експертите за вообичаените грешки што ги прават родителите обидувајќи се да ги вратат своите деца на дадените задачи – а и подобри пристапи со кои треба да се обидат.

Грешка 1: Заборавате дека проблемите со фокусирањето на детето се развојни или ситуациски, а не наменски


Подобар пристап: Забележување и истражување


Зошто: Има нешто вознемирувачко во тоа постојано да треба да го потсетувате детето, по милионити пат, да се фокусира на својата задача. „Родителите некогаш може да изразат разочарување, лутина или вознемиреност без да застанат и да помислат на гледиштето на детето“, вели психологот Ребека Брансетер. Имајте на ум дека фокусот е вештина, па помалите деца ја немаат умствената моќ и развој во таа мера за да им биде совладана. Брансетер потенцира дека делот од мозокот задолжен за фокус не е целосно развиен до раната возрасна доба. А кај поголемите деца, стресните ситуации може уште повеќе да го отежнат обидот за фокусирање. Пред да реагирате, психологот вели да се потсетите себеси зошто детето има тешкотии – обидете се со техниката „забележи и истражувај“. Прво, набљудувајте го детето и неговата борба, потоа поставете прашања како: „Забележувам дека имаш тешкотии со почнување на математичката задача. Што се случува? Дали си во ред? Дали можам некако да ти помогнам: Кои мисли ти се вртат низ глава сега за таа задача?“

Грешка 2: Пребрзо влегување во фазата за решавање проблеми

Подобар пристап: Научете го детето само да решава проблеми


Зошто: Кога го гледаме нашето дете нефокусирано, нашите инстинкти ни велат веднаш да почнеме со решавање на проблемот. Но, Брансетер вели дека поправањето на проблемот од ваша страна ја занемарува можноста да го научите вашето дете на техниките за решавање проблеми. Наместо тоа, почнете со поставување прашања – што си направил порано за да ги игнорираш пораките од пријателите со цел да ги завршиш задачите? Кои идеи ги имаш за да останеш фокусиран додека твоето братче/сестричка игра околу тебе? Имајте на ум, особено со постарите деца, дека најдобра стратегија е детето самото да смисли начин за да се фокусира. Тоа нека биде како еден експеримент: „Ако слушањето музика, на пример, го победува фактот дека братчето игра околу детето, а тоа успева да ја заврши задачата, тогаш тоа е стратегијата што функционира. Ако не, тогаш нека се обидува со други стратегии“, вели психологот.

Грешка 3: Му кажувате на детето што да прави

Подобар пристап: Поставувајте прашања со емпатија


Зошто: Да ги гледате децата како слушаат видеа на „Јутјуб“ наместо да ја завршат задачата за училиште е фрустрирачки. Може да бидете во искушение да го покачите тонот поради таа фрустрација, но Брансетер вели дека барањата кои се под притисок на стрес сигурно ќе предизвикаат и одговор поттикнат исто така од стрес, од страна на детето. Наместо тоа, целта нека ви биде да се смирите (длабоко дишете), па поставете прашања: „Забележувам дека седиш на јутјуб. Дали е тоа задачата што ти ја даде наставникот?“ или „Не ја гледам наставничката на Зум. Што мислиш дека можеш да направиш за да ја гледаш?“ Прашувањето го враќа фокусот назад на фронталниот дел од мозокот кај вашето дете, каде што се создаваат рационалните мисли. Децата не можат да решаваат проблеми ако се чувствуваат осудени или ако се под стрес – вели психологот.

Грешка 4: Преголемо фокусирање на работата

Подобар пристап: Вметнете „мозочни паузи“

Зошто: Откако за време на распустот децата постојано играле, сигурно очекувате потоа да преминат во работна атмосфера. Но, како и на секој човек, и на децата им треба пауза – особено сега кога се соочуваат со нови околности со учење на далечина. Нермин Дашуш, професор за рано детско образование на Универзитетот во Бостон, препорачува да се остават празнини во денот за децата да имаат време и за досада и за игра. „Тие паузи ќе им помогнат на децата подобро да се фокусираат кога ќе се навратат на материјалот“, вели Дашуш. За помалите деца, охрабрувајте слободна игра за време на паузите. Кејти Росанбалм, истражувач во центарот за детска и семејна политика „Дјук“, вели дека физичките активности им помагаат на децата да се ослободат од стресот, што на крајот ќе им помогне со фокусот.

Грешка 5: Обезбедување премногу поддршка


Подобар пристап: Давање инструкции

Педијатрискиот терапевт Мариса Лабуз вели дека често гледа родители, па дури и наставници кои им даваат премногу поддршка на децата што се борат со фокусурањето. „Да му се помогне на детето да се фокусира за да ги разбере инструкциите и задачата е добра работа, но да му се седи над глава и да му се дава премногу помош и насочување, тоа веќе прави повеќе лошо отколку добро“, вели таа. Таканареченото хеликоптер-родителство само ќе го направи детето позависно од вашата поддршка. Наместо така да постапите, дајте му инструкции и оддалечете се. „Обезбедете му на детето доволно поддршка за да разбере што се очекува од него, но дајте му независност за самото да го реши проблемот“, вели Лабуз. Прашувајте: „Која беше последната работа што ви ја кажа наставничката? На која страна треба да свртиш?“ Лабуз советува и користење визуелен тајмер за да го задржи детето фоксуирано на задачата.

Грешка 6: Присилување на детето да се фокусира на материјал кој не го интересира

Подобар пристап: Откријте дали задачата е премногу лесна или тешка

Ако сте се обиделе со сè, а детето постојано одбива да работи на задачата, можеби треба да увидите дали едноставно му премногу лесна или премногу тешка. Розенбалм вели дека децата брзо губат интерес кога материјалот не е приспособен на нивните способности. Не можете да имате целосна контрола над материјалот кој детето го учи, но ако мислите дека не е доволен предизвик или обратно, може да разговарате со наставникот. Целта е да се најде соодветна точка за неговата способност која ќе го вклучи детето во фокусирање на задачата. Помислете и на опцијата за барање помош, без разлика дали од наставникот, педијатарот или терапевт. „Нема ништо развојно нормално во однос на она што моментално се случува во светот. Ако имате тешкотии во справувањето со родителството, не двоумете се да побарате поддршка“, вели Розенбалм.

Автор: Ешли Абрамсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top