Колку убаво звучи зборот дете.
Како мирно море, убав звук, суштество без лаги, невино битие…

Децата се исполнети со многу соништа, со расцутени духови кои го збогатуваат нашиот свет.

Секој од нас беше дете, но иако пораснавме, во нас сè уште постои детството, но не е исто кај сите.

Можеби сега не е вистинскиот момент да пишувам за децата, за детството, затоа што имам само 17 години и не можам толку добро да ги разберам моите родители, бидејќи сѐ уште не сум родител, но детето мора да се воспитува со љубов.

Понекогаш без размислување може да направи мали грешки, но не заборавајте дека тоа е дете, само дете, и грешката мора да се поправи со смирени зборови, а не со семејно НАСИЛСТВО.

Вие како родител мора да се трудите да ги разберете мислите и емоциите што ги покажува вашето дете бидејќи при некакви проблеми, раѓање на брат или сестра, нарушување на игрите, почеток на градинка, почеток на училиште, детето може да покажува непожелно однесување. Затоа, родителите треба многу добро да ги набљудуваат своите деца, да се обидат да ги разберат нивните чувства.

Дали некогаш треба да им кажеме НЕ на децата кога ќе побараат нова играчка?
Повеќето родители може да имаат проблеми во вакви случаи.

Живееме во ист свет, но со различни економски услови. Има деца што растат во сиромаштија и деца што растат во богатство, деца што виделе страшни војни, кои не го делат истиот живот, не можат да ги купат сите играчки, но важно е да има хармонија и љубов.

Но, како може детето што е во воена зона да има хармонија?

Каква вина може да има тоа невино суштество?
Која е неговата вина што не може да игра со играчки?

Затоа сакам сите деца да ги имаат своите права, да имаат право да живеат, бидејќи сите сме едно семејство и сакаме да живееме под убаво небо, да газиме по чиста земја и НАСИЛСТВО, ВОЈНА, ЕГОИЗМ да бидат само празни зборови.

Затоа што така ме воспитаа моите родители, тие се одраз на тоа како ќе ги воспитувам моите деца, имам право да зборувам, ние имаме право да зборуваме и јас ќе зборувам за секое дете.

НИЕ СМЕ ДЕЦА И ГИ САКАМЕ НАШИТЕ ПРАВА!

Автор: Бериника Арслани, средношколка



912

X