Воспитување

Познат руски психолог советува како училиштето да не ве полуди вас и вашето дете

Популарниот руски психолог Михаил Лабковски им посочува на родителите како да го изберат школото, дали треба да се расправаат со учителите и во кој момент детето треба навистина да се остави на мир.

1. Пред да почне да оди на училиште, детето на треба да се оптоварува. Никаков шах, странски јазици и интелектуален развој. Мозокот на децата до нивната шеста и седма година физиолошки не е подготвен да прима голем обем на информации. Вие ќе губите пари, а детето – детството.

Првата учителка треба да биде добра

2. Немојте за првачето да избирате „јако училиште“. Во нижите одделенија најважно за детето е да постигне психолошки комфор. Затоа одберете нормално училиште, во близина на вашиот дом. Детето нема да троши сила и време за да оди и да се враќа од училиште и полесно ќе му биде да гради односи со деца што ги познава од соседството.

3. Првата учителка не треба да биде „строга“, туку треба да биде добра. Ви треба адекватна учителка која сака деца и работи во училиште затоа што ја сака таа работа. Затоа, напролет одете во блиското училиште и разговарајте со родителите на учениците што завршуваат четврто одделение.


4. Училиштето е одговорност на вашето дете, а не ваша. Можете да земете одмор првите две недели на почетокот од прво одделение, а потоа договорете се со детето: „Мене нема да ме вознемирува твоето училиште, а јас нема да те вознемирувам тебе“.

5. Престанете да го испитувате детето што правело на секој час и претерано да реагирате на оценките. Ако детето сака да разговарате за училиштето, разговарајте – ако не сака, не треба со клешта да му ги влечете зборовите.

6. Домашните задачи не треба да ги правите заедно со детето, не треба вие да му го подготвувате ранецот, па дали нешто заборавило или не, не треба вие да водите сметка за тоа. Ако сè правите наместо него, во иднина ќе имате сериозни проблеми.

7. Се разбира дека може да му помагате на вашето дете. Принципиелно е прашањето кој прв почнал. Тоа треба да биде детето. Тоа треба да праша: „Мамо, ова не го разбирам, ќе ми помогнеш?“ Не треба вие постојано да го прашувате дали е сè во ред. Ако не ве прашува ништо, тоа значи дека сè е во ред.

Талентот треба да овозможува радост, а не да се искористува

8. Ако учителот не е добар за вашето дете, тој проблем мора да се реши. Обидете се прво да разговарате со учителот, потоа со директорот, а ако нема резултати – продолжете понатаму. Можете да го префрлите вашето дете во друго одделение, па дури и во ново училиште. Во никој случај не оставајте го детето во состојба на константен стрес.

9. Пубертетот е најтешкиот период од животот на вашето дете. Почнува меѓу 12. и 14. и трае до 15-16-тата година од животот. Тоа е време на сложени психолошки и физички промени, оттука доаѓаат и хормонскиот дисбаланс, психолошките проблеми, заморот. Паралелно со овие состојби вашето дете мора да полага и приемен испит. Тоа може да попушти во успехот, од одличен ученик да стане добар. Мојот совет е – ако не сакате конфликти и потешки проблеми – оставете го детето на мир. Ваша задача е тоа време да помине што е можно помирно и побрзо.

10. Не треба да се влегува во отворен конфликт со училиштето – најверојатно би ја загубиле таа битка. Кога ќе ве повикаат на разговор и кога ќе ви кажуваат за силата на училиштето, сложените програми и потребата да се занимавате со детето – не спротивставувајте се. Согласете се. И продолжите да работите на тоа.

11. Не е неопходно да се развиваат талентите на детето ако тоа не сака. Талентот треба да овозможува радост, а не да се искористува. Не треба да се напрегате, да барате педагози кои ќе ви го дадат одговорот на прашањето „што лежи во него“? Најчесто ќе констатирате дека нема ништо посебно и тоа воопшто не е трагично.

12. Најважно е да го научите своето дете да прифаќа, а ништо да не очекува за возврат. Не е важно како учи, сакајте го какво што е и без оглед што прави. Кога ќе наврши 15 години, ќе му биде потешко отколку што му било на 5. Детето не треба кај вас да предизвикува одбивање. Но за да биде така, треба прво вие да се сакате себеси.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top