Воспитување

Повеќето мајки поминуваат низ истиот вител на емоции, но не зборуваат за тоа

Мајчинството е многу повеќе од сето она што го гледаме на социјалните мрежи, многу повеќе од она што се коментира наглас, од она за што се пишува и зборува. Има толку многу емоции и чувства што секоја мајка би сакала да ги сокрие од оние способни „супермајки“ кои напаѓаат од сите страни.

Вистината е дека повеќето мајки минуваат низ истиот „рингишпил на емоции“, несигурности и испрашување, само што никој не зборува за тоа. Полесно е да доловите еден убав момент од денот за да го објавите на социјалните мрежи и кога некој ќе ве праша како сте, да се насмевнете и да кажете: „Добро сум“, иако сите би имале корист од малку поголема искреност и отвореност. Една од оние скриени приказни што секоја мајка ги чувствува и доживува е губењето дел од сопствениот идентитет. Со доаѓањето на детето неповратно се губи дел од претходниот живот. Во оваа нова ситуација, понекогаш е тешко да најдеме време да си ја измиеме косата, а камоли да им се посветиме на нашите хобија или да се релаксираме.

Ние едноставно инвестираме огромна количина енергија и време во нешто друго одеднаш. Во некои нови хобија кои се состојат од зборовите „немој“, „внимавај“, па и на истражување зошто едни пелени се подобри од други, потоа прашањата „дали си гладен“, „дали си жеден“, па смислување илјада и една игра и песни, на заспивање, готвење, хранење и слично и сето тоа повторно и повторно во круг. На крајот од денот, исполнет со овие и други активности, штом детето ќе заспие, наместо да се посветиме на себе, често се онесвестуваме од замор. Другите супермајки на социјалните мрежи, во филмовите, сериите и другите фикции, кои магично допираат до сите, се беспрекорни и совршени во секој поглед, знаат сè, бараат сè, имаат сè под контрола и нивниот ден, се чини, има двојно повеќе часови од 24 часа што еден нормален човек ги има.

Пред некој ден добив порака на „Инстаграм“: „Како мајка, симнувам капа за искреноста.“ Во тој момент сфатив колку е фрустрирачки за мајките што овој меур од замислена сапуница најмногу се сервира во просторот на социјалните мрежи, за сè, па вклучително и мајчинството и родителството. Нема потреба ништо да романтизирате, да создавате нереална слика за што било. Најчесто најубавите моменти од денот ги доловуваме на социјалните мрежи и тоа е во ред, но треба да се потсетиме дека тоа е само еден мал момент од долгиот ден. Сите сме луѓе од крв и месо, имаме и добри и лоши денови, грешиме, се бориме со илјада и една емоција во животот, а особено во овој предизвик наречен мајчинство. И тоа е во ред. Сè што поминуваме е нормално и вообичаено.

Без разлика колку нашите животи, дневните распореди и списоците на активности ни се сменија одеднаш и преку ноќ, не треба да гледаме на сето тоа како на губење на себеси. Сигурно сме изгубиле дел од старото јас, но сме нашле, а и откриваме и стануваме друга, нова личност. Мајка. И колку и да сме биле несигурни во таа улога на почетокот, колку и да ни се чинело дека на сите им оди подобро и полесно отколку нам, колку и да било чудно што целиот наш идентитет во еден момент се вклопува во тие четири букви – мама, не смееме да дозволиме тоа да нè фрустрира.

Она што треба да го направиме е да најдеме начин да прифатиме дека нашиот живот веројатно никогаш нема да биде каков што бил порано, што не значи дека нема да има тон задоволство во него. Не сме се изгубиле, само привремено сме ставени во мирување, но пак ќе ни дојде редот. Најдете ги вашето време и простор. Ќе има време за повторно дишење и повремено враќање на она старото јас, кое на крајот е неопходно за секој од нас да се чувствува жив и комплетен.

Велат потребно е цело село за да се одгледа дете. Вистина е дека денес ова село главно го нема, често се сведува само на двајца и со тоа воспитувањето стана доста предизвикувачка работа. Гледано од оваа перспектива, поставувајќи го на одредено време целиот свој идентитет во зборот „мама“, како и воспитувајќи пристојно, добро и задоволно дете, не дека не треба да се чувствувате неспособни затоа што наеднаш сте се претвориле „само во тоа“, туку треба да си честитате и во мислите да си поставите медал околу вратот на кој пишува „Браво, мамо!“

Автор: Нина Слишковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top