Здравје

Потврдите за родителите ослободени од работа важат сѐ додека трае вонредната состојба

Потврдите на име на родител корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години ќе важат сѐ додека трае вонредната состојба. Сите претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4. одделение), продолжуваат да важат и по 24 март.

Согласно Заклучокот на Владата од 25. седница од 21 март 2020, сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба.

Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top