Во прво одделение во училиштето за верверички владееше целосна хармонија. Наставничката беше пресреќна што нејзиниот клас се покажа како исклучително напреден. Таа беше горда што нивната фотографија, од класот, се појави во сите весници, па верверичките од целиот свет да го видат нивниот сјај.
Во второ одделение кај една од верверичките се појавил проблем. Не можеше да состави реченица без да направи многу грешки. По некое време, посветените родители на верверичката оставија парче хартија пред учителката. Од сето напишано учителката забележала дека со големи букви пишува: ДИСЛЕКСИЈА. Таа застанала над тие зборови и првпат се почувствувала толку мала и беспомошна. Барала помош насекаде и се сожалила на таа нејзина прекрасна верверичка, која повеќе не беше толку весела како другите. Бидејќи била исклучително паметна, забележала дека се разликува од другите. Добила и прекар од некои нејзини пријатели. Ја нарекле Лекси, што дополнително ја зголемила вознемиреноста. Учителката добила приспособена програма за нејзината верверичка. Верверичката беше толку повлечена што почна да се крие од другите и да поминува време во самотија.
Залудно учителката ѝ велеше дека не е ништо страшно. Залудно родителите ја убедувале дека тоа ќе го надмине со работа. Еден ден целиот клас отиде на патување во шума. Требаше да научат за плодовите и видовите растенија. Наставничката била толку занесена во наставата и истражувањето, што не ни забележала дека недостига една верверичка. Но, Лекси забележа. Почнале да ја довикуваат верверичката, а повикале и полиција. Кога паднала ноќта, полицијата ја прекинала потрагата. Храбрата Лекси потоа отишла во домот на очајните родители и побарала да ја помириса облеката на нивната ќерка. Забележала дека има засилено сетило за мирис. Таа појава психолозите ја нарекуваат нарушување на сензорната интеграција. Поради ова, сите во класот мора да зборуваат потивко и помалку да скокаат. Тоа им пречеше на многумина, а некои не го ни земаа предвид советуваното и покрај сите молби на добрата учителка.
Кога добро ја намирисала облеката, Лекси отишла во темнината, во шумата, со намера да ја најде својата изгубена пријателка. Таа цела ноќ талкала низ шумата додека не ја нашла повредена во старо стебло. Ја ставила на својот грб и тело. Психолозите за нејзиното тело рекоа: дебелина поради неконтролирано внесување храна.
Ја носела со часови до својот дом. Кога родителите на изгубената верверичка ги виделе на вратата, се расплакале од среќа. Следниот ден Лекси не можела да оди на училиште поради исцрпеност. Гледала празно низ прозорецот и потоа забележала една верверичка, па друга, па трета… Одеднаш, сите верверички од нејзиното училиште застанале пред нејзината куќа и го довикувале нејзиното име, кое таа веќе го заборавила.

-Тина, излези! Тина! Тина!
Кога излегла, добила многу прегратка и многу лешници.
Сите весници пишуваа за тоа: „Верверичката Тина хероина“, „Верверичката со најдоброто сетило за мирис на светот!“
Никој никогаш повеќе не ја нарече Лекси и таа полека почна да учи да пишува. Верверичките кои ја исмеваа длабоко се покајаа. Нејзиниот клас повторно беше место каде што се чувствуваше прифатена и среќна.
Автор: Едина Хелдиќ Смаилагиќ/ психолог и мајка на посебно момче