Членовите на младинскиот фудбалски тим поминаа низ пекол. Повеќе од две недели беа заглавени во темната пештера на далечните северни долини на тропскиот Тајланд. Во пештерата немало ниту зрак светлина, момчињата биле гладни, а дишеле воздух кој бил исполнет со смрдеа на лилјаци.
За некое чудо, дванаесетте момчиња на возраст помеѓу 11 и 16 години успеале да се извлечат од пештерата со неколку физички повреди и заболувања.
Момчињата имаат инфекција на белите дробови и моментално се на лекување.
Спортските активности со кои децата се занимавале претходно можат да им помогнат полесно да ги пребродат анксиозноста и депресијата.
И покрај тоа што спасувањето траеше три дена, психолозите тврдат дека оздравувањето од емотивните трауми е процес што ќе трае подолго.
Мариса Кардосо, психолог кој патува низ светот помагајќи им на деца што претрпеле екстремни трауми, вели дека фактот што децата целиот процес го поминале со заеднички и здружени сили бил од витално значење за нивното спасување.
Таа, исто така, додава дека континуитетот на рутините што децата ги имале претходно, како што се спортските активности, може да им помогне полесно да ги пребродат анксиозноста и депресијата.
Заемната поддршка на момчињата придонела за благосостојбата на оние што морале да чекаат во пештерата додека нивните соиграчи ги спасувале. Тоа е главен фактор кој може да придонесе за нивно полесно емоционално закрепнување.
Момчињата ги немаа видено своите семејства во првите 24 часа од излегувањето
Денеска се дознава дека втората група момчиња се посетени од страна на министерот Прајут Чан-Оча веднаш откако биле донесени во болницата, но од нивните родители биле посетени дури 24 часа подоцна.
Психолозите тврдат дека присуството на родителите е задолжително во првите фази на заздравување бидејќи во спротивно може да се појават дополнителни психолошки трауми како врз децата така и врз нивните родители.
Родителите биле спречени да ги видат момчињата веднаш по нивното спасување од страна на властите поради страв да не станат хистерични.
912