Воспитување

Пошироки колкови на мајката – поинтелигентно дете? Науката пронајде поврзаност

Студија на Универзитетот во Питсбург, предводена од професорот Вил Ласек, покажала дека резервите на масти во колковите и бутовите служат како „склад“ за хранливи материи потребни за изградба на мозокот на бебето, особено за време на доењето.

Масно ткиво кое помага во развојот на мозокот

-Маснотиите во овие делови од телото се богати со DHA (докозахексаеноична киселина), што е особено важно за развојот на човечкиот мозок. За време на доењето, овие резерви се користат за да се обезбедат клучни масти кои помагаат во изградбата на нервниот систем на новороденчето. Интересно е што жените, во просек, имаат околу 30 % телесни масти, додека мажите имаат само околу 10 %. Причината не е случајна. Преку еволуцијата, женското тело развило способност да ги акумулира и задржува овие резерви на масти токму поради потребата да се развие поголем и посложен човечки мозок – вели професор Ласек.

Еволуцијата има свои причини

Човечкиот мозок пораснал од 400 мл на дури 1.200 мл во текот на пет милиони години. За да се развие таков мозок, било потребно многу „гориво“, поради што женските тела денес имаат повеќе маснотии отколку во далечното минато. Научниците веруваат дека овие физички промени се еволутивен одговор на потребата да им се обезбеди на децата најдобар можен невролошки почеток.

Дури и привлеченоста на мажите од облините е научно објаснета, па според репродуктивниот биолог од Кембриџ, Дејвид Бејнбриџ, оваа привлечност може да има свои корени во еволутивната интуиција дека жените со поизразени облини раѓаат деца со поголем интелектуален потенцијал.

Иако општеството честопати нè принудува да бидеме строги кон сопствените тела, науката е јасна: женското тело има своја форма со причина. Облините не се „несовршеност“, туку резултат на милиони години еволуција на видот и подготовка за родителство, дури и ако вие лично не го планирате тоа.

Извор

Поврзани написи

To top