Владата го донесе протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца – градинки и центри за ран детски развој, по престанување на траењето на вонредната состојба. Ова се правилата.

Правила за установата

– Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опрема и на инвентарот (во занималните, кујната, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите). Од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките.

– После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите.

– Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици ) за вработените.

– Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата.

– Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.

– На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција.

– Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила.
– Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на Ковид-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема) на работното место и вон него.

– Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.

– Да се дезинфицираат прекинувачи, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.

– Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.

– Активностите во дворот да се реализираат така што «е се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време.

– Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез.

– Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска).

– Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција.

-Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете.

– Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.

– Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.

– Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.

– Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.

– Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.

– Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.

– Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

-Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

-Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.

– Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.

– Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.

-Установата да обезбеди потврда од родителот дека работните задачи задолжително мора да ги извршува на работното место, без можност за работа од дома.

Правила за воспитно-згрижувачкиот кадар

– Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.

– Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.

– При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.

– Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.

– Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.

– Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.

– Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.

– Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.

– Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.

– Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.

– Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.

-Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе – глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2 метри. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.

– Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – да се стават да седат на растојание едни од други – на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат лицето и др.

– Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.

-Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)

Што да се преземе во случај на здравствени промени кај згрижените деца

– Во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.

-Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи.

– Во случај на потврда на инфекција Ковид-19, не користете го местото каде што престојувало лицето и да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која «е даде понатамошни насоки за функционирање на установата.
Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена лични предмети, играчки и слично.

-Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална.

-Се забранува влегување на други возрасни лица, освен одговорните лица на групата.

Правила за родителите

– Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.

– Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.

– Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.

– Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.

– Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.

– Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.



912

X