Астмата може да се појави во кој било период од животот и понекогаш не е лесно да се постави дијагнозата. Често се јавува во периодот од детството и исчезнува во пубертетот.
Кога астмата е добро контролирана
За добра контрола на астмата, како што вели д-р Татјана Радосавлјевиќ од Србија, важно е да се постави дијагноза навреме за што побрзо да се започне со соодветна терапија. За тоа дали е добро контролирана, говори и зачестеноста на појавата на симптомите. „Показател дека астмата кај детето е добро контролирана е дека тоа нема симптоми или дека се јавуваат најмногу 2 пати неделно. Кај децата со контролирана астма постои потреба за земање инхалациони бронходилататори помалку од 2 пати неделно. Болеста е добро контролирана кога нема ограничување на физичките активности, како ни ноќни симптоми“ – вели д-р Татјана Радосавлјевиќ.
Најчести симптоми се „свирење“ во текот на дишењето, потоа кашлање и отежнато дишење.
Држење настрана од аерозагадувањето

Совети за пациентите со астма, па и за оние најмладите, се редовно земање на пропишаната терапија, особено пумпи со локални кортикостероиди. Покрај редовното земање на терапијата, доколку се работи за алергиска астма, треба да се избегнува контакт со алергени, респираторни иританти воопшто. Не треба да се излегува надвор доколку е висок степенот на аерозагадување, ако е присутна магла или има висока влажност во воздухот. Исто така, респираторните инфекции треба да се лекуваат навреме и соодветно.
„Кога е во прашање алергиска астма, треба да се намали изложувањето на алергените од домашната средина, како и изложувањето на надворешните алергени. Потребно е, потоа, да се избегнува алергена храна, чад од цигари, изведување на детето надвор во денови со висока концентрација на аерозагадување, а се препорачува и избегнување на физички напор. Во други случаи, умерената физичка активност е дури и потребна“, вели д-р Татјана.
Исто така, не треба да се заборави на здравата исхрана и доволниот број часови сон.