Училишниот психолог Бранка Тишма од Србија вели дека за да можат децата да бидат подготвени за прво одделение, уште од градинка треба да имаат стекнато некои навики. Доколку ги немаат, време е семејството да му помогне на првачето да го направи тоа.

– Во преостанатите денови до училиште треба да разговараме со детето како изгледало кога ние одевме на училиште. Кажете му каков ќе му биде денот, кога детето ќе оди на училиште, колку ќе остане и дека ќе оди секој ден, на подолг временски период – истакнува Тишма.

Таа додава дека особено е важно детето да се запознае со патот до училиште, да оди неколку пати и да си игра во училишниот двор. Без разлика што родителите ќе ги носат првачињата на училиште, важно е тие да ја запознаат околината низ која ќе минуваат.

Исто така, важно е да се направи катче каде што ќе работи идното прваче и да се подредат работите што ќе ги користи.

– Исто така, важно е да не му наметнувате распоред на детето кои работи каде да стојат. Децата се различни од нас и многу е подобро сами да изберат и да одлучат – смета Тишма.

Организација на животот и работата

Таа вели дека децата веќе требало да стекнат некои навики во градинка и во семејството, а ако не ги стекнале, сега е време да го сторат тоа. Исто така, децата сакаат да слушаат дека се големи и пораснати.

Не се навикнати долго да седат на едно место, но има и наставници кои треба да ги анимираат, истакнува таа.

Првиот училиштен ден наставничката нема да ги држи да седат 40 минути, ќе ги прошета низ училиштето и дворот, а тој дел, истакнува психологот, е многу важен за децата да ги запознаат луѓето со кои ќе се среќаваат.

Родителите не треба веднаш, штом ќе се вратат од училиште, да ги прашуваат децата како било на училиште, бидејќи многу од нив ќе речат дека ништо не се случило или дека било досадно.

Исто така, не треба да ги критикувате дека не се сеќаваат на она што го имаат за домашно бидејќи подоцна ќе го паметат најмногу преку некоја игра и активност.

Дали родителите треба да учат букви и бројки со своите деца?

– Наставниците најмногу сакаат кога децата не знаат да читаат и пишуваат и со нив од почеток да почнат да работат, што е ретка можност бидејќи родителите мислат дека најдобрата подготовка за училиште е да го научат детето да чита и пишува.

– Тоа е единствената работа што може да ја работи само наставникот – објаснува Тишма.

Извор



912

X