Иако понекогаш родителите многу се загрижуваат, невообичаените работи кои се појавуваат кај новороденчињата се главно сосема нормални и не се причина за паника. Како што објаснуваат педијатрите, понекогаш бебето прави нешто што на прв поглед може да изгледа необично или опасно за неговите родители, но всушност во повеќето случаи тоа е нормална работа и поминува сама по себе. Ова се неколку од нив:

Црна или зелена столица

Првата столица на бебето е обично црна и се нарекува мекониум. Иако многу мајки се плашат кога ќе видат црна столица, тоа е сосема нормална појава која исчезнува по неколку дена. Исто така, понекогаш се појавува и зелена столица, што исто така не е причина за загриженост. Имено, се појавува поради некоја намирница што била дел од исхраната на мајката. Зелената столица може да биде предизвикана и од лекови, како што се антибиотиците, или додатоци на железо што ги консумира мајката, кои влијаат врз апсорпцијата на хранливите материи во цревата.

Икање

Икањето на бебето често се чувствува во текот на бременоста и може да продолжи и по раѓањето. Веројатно ќе се појави по хранењето и понекогаш може да трае многу долго, па кај родителите се јавува загриженост. Сепак, педијатрите објаснуваат дека икањето е предизвикано од спазам на дијафрагмата и се работи за сосема нормална појава кај бебињата. Со текот на времето бебињата ќе ги надминат честите икања.

Кивање

Новороденчињата се склони и кон често кивање, поради што родителите погрешно мислат дека причината е болест или алергија. Имено, во повеќето случаи оваа појава е сосема безопасна и поминува како што расте детето. Како што објаснуваат педијатрите, новороденчињата имаат мали ноздри, па сите мали честички прашина, насобрана слуз или заостанатата плодова вода од породувањето може да предизвикаат кивање.

Мозолчиња

Мозолчињата не се само за тинејџерите, тие можат да се појават и кај бебињата, најчесто на возраст од две до три недели. Најчесто се појавуваат на образите и на носот на бебето, но можат да се појават и на челото, брадата, темето, вратот, грбот или градите. Неонаталните мозолчиња општо не се нешто за што треба да се грижите и обично исчезнуваат сами по себе за неколку недели или месеци.

Страбизам

Иако е познато дека многу родители се загрижени поради ова, бебињата најчесто имаат широко отворени очи во првите неколку месеци од животот и тоа не е причина за посебна грижа, објаснуваат педијатрите. Имено, тие тврдат дека е нормално бебињата да имаат страбизам во првите месеци од животот, а оваа појава обично исчезнува до крајот на првата година. Во случај да потрае подолго, потребно е да се направи преглед.

Извор



912

X