Сите ние го сакаме најдоброто за нашите деца. Но, помеѓу телевизијата, социјалните мрежи, блоговите за мајките, лекарите, наставниците и интернетот, родителите постојано добиваат совети од сите страни.

Ако сакате да бидете добар родител, тогаш ќе ги избегнувате овие грешки.

1. Одговарате на секое прашањe што ќе го постави вашето дете

Сигурно сте слушнале дека децата се природно љубопитни и постојано поставуваат прашања – што, зошто, како?

Иако може да биде заморно, повеќето родители ги прифаќаат овие прашања како шанса да ги научат своите деца одговарајќи во врска со растенијата, животните, автомобилите и што било друго што им се појавува во нивните малечки умови.

Но, треба да му одолеете на искушението да одговорите на нивните прашања. Наместо тоа, пренасочете го прашањето кон вашето дете: – Тоа е одлично прашање! Која е твојата хипотеза? Што мислиш, за што служи тој камион? Зошто мислиш така?

Искористете го ова како шанса да го научите вашето дете како да размислува. Научете го како да бара докази. Научете го како да ги тестира своите идеи. Научете го дека е во ред да не го добие вистинскиот одговор.

Способноста да ги реши проблемите ќе го направи поинтелигентно отколку ако ве слуша како одговарате на неговите прашања. Плус, големи се шансите да бидете воодушевени од неговата креативност.

2. Ангажирате тутор без реална потреба за тоа

Сите други родители го прават ова, па треба и вие, нели?

Тоа е погрешно размислување.

Туторите можат да предизвикаат опаѓање на самодовербата кај вашето дете. Го учат на зависност. Го спречуваат да ги научи вредните животни вештини како што е управување со времето, автономија. Ја спречува отпорноста на вашето дете и вештините за справување. Дури и може да ја намали радоста што ја чувствува за добро завршената работа. На крајот на краиштата, не го направило тоа сами.

Во ред е ако вашето дете добие тројка или четворка. Ако навистина се чини дека му е тешко по одреден предмет, тоа може да биде знак дека му треба мала помош.

Но, ако ангажирате тутори и тогаш кога е добро, му испраќате порака дека не верувате во него и не верувате дека може да работи самостојно.

Она што треба да им го кажете е: – Ако ти треба дополнителна помош, ќе најдам начин да те поддржам. Но, ќе те оставам прво сам да работиш бидејќи знам дека го можеш тоа.

3. Премногу се грижите за вашите деца да не бидат повредени

Ако сте од родителите што постојано се над детето на игралиште, го држите за рака и го водите низ играта, викајќи: „Немој премногу брзо!“, „Немој премногу високо!“, тогаш време е да запрете. Земете здив и потсетете се дека игралиштата и парковите се наменети за децата.

Освен ако нема нешто многу опасно во близина, како автопат што поминува низ игралиштето, шансите да се повреди вашето дете се исклучително мали.

Истражувањата покажуваат дека децата што поминале повеќе време истражувајќи самостојно пред да наполнат 9 години имаат помала веројатност да имаат проблеми со вознемиреноста како возрасни.

4. Му помагате со домашните задачи и кога нема потреба од тоа

Вие не сте учител, и во ред е да му помогнете на вашето дете со домашната, нели?

Не, погрешно е.

Кога му помагате на вашето дете со домашните задачи, на тој начин индиректно му велите: – Не ти верувам. Не мислам дека можеш да работиш самостојно.

Што можете да направите наместо тоа?

Поставете му прашања на вашето дете за тоа што учи на училиште. Прашајте го кој му е омилен предмет и зошто. Прашајте го кој му е омилен учител и зошто. Потоа, побарајте книги, играчки, музеи и други неакадемски начини за да го поддржите неговиот интерес.


5. Сакате вашето дете воопшто да не отсуствува од настава

Ако вашето дете е болно, не треба да оди на училиште. Лошо е и за него и за неговите соученици.

Ако се појави уникатно искуство што бара вашето дете да отсуствува од училиште, тогаш не двоумете се, оставете го вашето дете да го искуси тоа искуство.

Можеби тоа искуство ќе му овозможи едукација каква што нема да добие на училиште.

Автор: Ева Гласруд

Извор



912

X