Марси Перон е пензионерка од Келоун, Канада, и досега згрижила над 115 деца. Сѐ почнало кога нејзината ќерка го напуштила семејното гнездо на 19 години. Марси била депресивна бидејќи нејзината голема куќа се чинела уште поголема, а таа се чувствувала сè поосамена во неа. По децении работа во банка, на работно место кое било прилично монотоно, Мерси сакала промена. Еден клиент ја инспирирал со идејата, па таа на крајот донела одлука да ја напушти работата, да се пензионира и да ги отвори вратите на нејзината голема куќа за децата на кои им треба дом.

Нов свет

Многу брзо реалноста ја удрила по глава и сфатила каков свет постои надвор од нејзиниот претежно безгрижен живот. Децата што ги згрижила биле со трауми, а тоа ѝ предизвикало прилично голем шок на почетокот. За разлика од денес, кога згрижувачките родители поминуваат обуки, во тоа време Марси скокнала во улогата практично без никаква подготовка.

Нејзиниот дом бил во хаос, децата фрлале работи, кршеле, краделе, не спиеле, а не спиела ниту Марси. Со многу солзи, чувства на вина, несигурност и општа неизвесност, Марси се обратила до нејзиниот советник, кој ја охрабрил и ѝ објаснил дека тоа е сосема нормално и очекувано.

Охрабрена од овие зборови, Марси продолжила да го дава најдоброто од себе. Таа вели дека понекогаш добивала многудетни семејства, пет-шест браќа и сестри, тинејџери со бебе и слично.

Првото искуство на Марси со згрижување бебе било посебно.

– Бебињата го одржуваат мојот здрав памет. Кога држам бебе, чувствувам дека целото тело ми се смее, почнувајќи од прстите на нозете и се движи нагоре. Сè што треба да направите е да ги сакате. Првиот пат кога држев бебе, си помислив – во ред, тоа е тоа. Ова е она што го правам сега – вели таа.

Оттогаш посвоила повеќе од десет бебиња, а повеќето доаѓаат кај неа кога имаат само неколку дена, родени со зависност од дрога.

– Оние први недели се досадни за нив додека минуваат низ рехабилитација. Сè што можете да направите е да ги држите блиску, по можност кожа до кожа. Во тие моменти знам дека мојата единствена работа е да го правам токму тоа. Не можам да се вознемирувам бидејќи не им треба дополнителен стрес од моите чувства. На овие бебиња им треба само љубов и да се грижат за нив, да ги воведат во рутина и да сфатат дека секогаш ќе ги кренеш кога ќе се вознемират – вели таа.

Марси смета дека годините ѝ се предност, а сега има речиси 70 години и им кажува на децата да ја викаат баба. За нив е едноставно, а за биолошките родители поприфатливо.

Планира засекогаш да работи со деца што немаат дом

Марси мислела дека нема да може да го прави тоа долго време, предвидувајќи си максимум пет години во системот. Но низ нејзиниот дом поминале над 115 деца, а таа само еднаш паузирала, од здравствени причини затоа што таа имала рак на дојка пред околу 10 години и штом закрепнала, се вратила во згрижувачкиот систем. Смета дека ова е работа во која луѓето остануваат засекогаш, откако ќе започнат.

– Запомнете, згрижените деца немаат никој друг. Немаат тетка или дедо да ги примат. Децата што имаат семејство остануваат надвор од системот. На многу од овие деца јас им сум сѐ што имаат. Повозрасните деца ме канат на матура и на свадби. Секоја година испраќам честитки за роденден и божиќни подароци, ги потпишувам „Со љубов, баба“ – вели таа.

Извор



912

X