Педијатарот д-р Манаса Мантравади целосно елиминирала три предмети од својата кујна, вклучувајќи производи кои стануваат уште поопасни кога температурите се зголемуваат.
-Децата не се само „мали возрасни“, тие се поранливи на штетни влијанија бидејќи нивните тела сè уште се развиваат – изјавила таа.
Бидејќи консумираат повеќе храна по килограм телесна тежина од возрасните, токсичните супстанции имаат поголемо влијание врз нив.
-Мозокот, хормоналниот систем, белите дробови, имунитетот и варењето на децата сè уште се развиваат. Затоа, тие се почувствителни на хемикалии кои ја нарушуваат клеточната комуникација, хормонската рамнотежа и развојот на мозокот – истакнува таа.
Ефектите од овие супстанции може да се почувствуваат многу подоцна во животот.
-Раната изложеност на штетни супстанции може да го зголеми ризикот од голем број хронични болести подоцна во животот, како што се астма, АДХД, метаболички нарушувања, неплодност, па дури и некои форми на рак – вели таа.
Американската академија за педијатрија ги повикува децата да избегнуваат пластика во исхраната уште од 2018 година.
Некои супстанции, како што се оловото и одредени видови пластика, се таложат во масното ткиво или коските и остануваат во телото со години. И додека микропластиката е проблем преку целата година, ризикот се зголемува уште повеќе во лето поради високите температури, жешките автомобили и честата употреба на пластични шишиња, кеси и контејнери на излети и пикници.
Затоа, д-р Мантравади одлучила дека во најжешкиот дел од годината следните три работи немаат место во нејзината кујна:

-Пластични кеси, прибор и садови што ослободуваат микропластика кога се во контакт со топла храна.
-Агресивни хемиски средства за чистење.
-Слатки, високо преработени грицки.
Во 2018 година Американската академија за педијатрија издаде препорака за избегнување пластика во исхраната на децата. Тие изјавија дека постојат само две безбедни алтернативи: стакло и не’рѓосувачки челик.
-И двата материјали се хемиски неактивни, што значи дека не испуштаат штетни супстанции во храната и се темелно проучувани со децении. Не’рѓосувачкиот челик е исто така поеколошки, особено ако се користи рециклиран материјал – се вели во соопштението.