Голема прашина се крена околу училишните, односно образовните асистенти на почетокот на учебната година кога родителите на децата со попреченост изразија револт затоа што училиштата сѐ уште немаа ангажирано асистенти и нивните деца не тргнаа на училиште.

Проблемот се реши за десетина дена, но во дневнополитичкото поентирање за тоа кој е виновен што има или нема асистенти, никој не праша како се обучуваат, колку се стручни и обучени образовните асистенти и дали воопшто им се исплати да се пријават за работа.

Образовните асистенти, според ниту еден образовен концепт, не треба да го заменат наставникот, туку треба да соработуваат со него за да го подобрат процесот на учење на одреден ученик. Првичната идеја е тие да им помагаат на децата со попреченост кои се запишуваат во редовните училишта и кои се соочуваат со тешкотии во следењето на наставата, кои имаат тешкотии да учат со исто темпо како соучениците.

Програмата за образовни асистенти треба да ги задоволи потребите на крајните корисници, а невработените лица да се стекнат со вештини кои се бараат на пазарот на трудот и со знаења кои ќе ги користат во училница при интеракцијата со децата.

– Најчесто за образовни асистенти се ангажираат кадри од педагошките образовни профили. Дипломираните дефектолози најчесто се вработени на работните места за дефектолози. Образовните асистенти ја минуваат обуката, се доусовршуваат низ практиката. Најважен е односот што ќе се воспостави меѓу детето и асистентот, има случаи кога децата не ги прифаќаат асистентите. Исто така, важно е асистентот да комуницира со родителите. Има асистенти кои одлично си ја вршат работата со учениците, но не комуницираат во доволна мера со родителите. Синергијата во овој триаголник меѓу ученик, родител и асистент е многу поважна од тоа каков факултет завршил асистентот и колку обуки имал. Најважен е неговиот однос и посветеноста кон оваа работа – вели Ивона Кочов од Битола, родител на дете кое имало образовни асистенти.

Остатокот од текстот прочитајте го на Факултети.мк



912

X