Во Холандија и во Данска секоја мајка има законско право на помош од „краамзорг“, односно негувателка во текот на првата недела по породувањето. Овие обучени професионалци обезбедуваат голема помош, така што помагаат во доењето, хранењето, хигиената и општата грижа за мајката и бебето. Негувателката ги посетува новите родители секој ден: минимално еден ден, а најмногу десет дена, нудејќи и емоционална поддршка додека семејството се приспособува на животот со новороденче.

Што е „краамзорг“?

„Краамзорг“, или негувател по породувањето, е обучен професионалец кој им дава поддршка на мајките и нивните бебиња по породувањето, нешто како патронажна сестра кај нас. Тие имаат клучна улога во советувањето и давањето практична помош во однос на доењето, хигиената и општата грижа за мајката и бебето.

„Краамзорг“ има историски корени во традицијата на раѓањата во домашен амбиент и со текот на годините стана формален и професионален систем за поддршка. Негувателите минуваат низ теоретска и практична обука и редовно се обучуваат за да бидат во тек со најновите практики, кои се применуваат во грижата за мајките и доенчињата, а нивните услуги се покриени со здравствено осигурување.

Присуството на „краамзорг“ во домот обезбедува удобност и олеснување на новите родители, но служи и како превентивна мерка, помагајќи да се идентификуваат потенцијалните здравствени проблеми или знаци на злоупотреба и семејно насилство.

Тие ја обезбедуваат услугата за извршување дополнителни домашни работи

Негувателите обезбедуваат дополнителни услуги, како што се перење алишта и подготовка на оброци. На пример, тие можат да ја чистат куќата, да перат алишта и да подготвуваат оброци за семејството за време на нивниот престој. Ова зависи од индивидуалниот договор помеѓу негувателот и семејството и може да варира во зависност од нивните желби и потреби.

Иако системот е високо ценет, Холандија и Данска во моментов се соочуваат со недостиг на негуватели. Сепак, со оглед на големата вредност, „краамзорг“ останува клучен елемент на постпородилната нега во Холандија и во Данска.

Извор



912

X