Акронимот „ДИНК“ (DINK) значи – „двоен приход, без деца“ (dual income, no kids) и се однесува на домаќинство во кое двајца возрасни работат и заработуваат, но немаат деца затоа што едноставно не сакаат да имаат.
Некои парови одлучуваат да чекаат подолго пред да имаат деца, па влегуваат во категоријата „динки“(dinky), или „двоен приход, сѐ уште без деца“ (dual income, no kids yet), иако има сѐ повеќе луѓе кои никогаш не сакаат да имаат деца – класичен „динк“. Без дополнителни трошоци, овие парови имаат повеќе пари за себе, трошат на патувања, купуваат подобар недвижен имот или инвестираат во разни хобија и работи кои едноставно ги прават среќни.
Но, има и такви што влегуваат во категоријата затоа што сè уште немаат доволно финансии – а приходите што ги остваруваат едноставно не се доволни за пристоен живот.
Многу парови сметаат дека и онака животот е прескап и дневните трошоци заземаат голем дел од нивниот приход, па затоа сметаат дека е неодржливо да имаат и деца на кои сакаат да им дадат убаво воспитување.
Кога се случи големата рецесија во 2008 година, многу милениумци штотуку го завршуваа факултетот или ја започнуваа својата кариера. Таа рецесија го направи наоѓањето работа голем предизвик, што им го отежнуваше одржувањето на приходите, а камоли инвестирањето во иднината.Тоа влијаело на идејата за семејство кое заради децата станува преголем економски предизвик.
Потоа, со закрепнувањето од рецесијата, речиси половина од милениумците и една третина од генерацијата Х имаа значителен износ на долгови. Овие елементи им отежнуваа на младите да основаат семејство порано во животот.
На овој начин младите ја продолжуваат својата младост, оти денес луѓето живеат поинаку и тоа често не е конечна, туку привремена одлука. Постојат неколку видови на овие парови:
Нови парови или невенчани
Има нови парови – младенци или оние што живеат заедно во заедничко домаќинство и не се во брак. Тие можат да бидат млади или стари и сè уште ја истражуваат својата врска и внимателно ги планираат следните чекори во животот. Децата може и не мора да бидат дел од овие планови, но засега уживаат двојно повеќе од приходите што ги трошат на себе.
Нивните деца се иселиле
Постарите парови стануваат „динк“ – оние чии деца пораснале и се оддалечиле и повеќе не се финансиски товар. Конечно имаат повеќе средства за патување, трошење, инвестирање и штедење.
Многу парови сметаат дека има премногу трошоци поврзани со раѓањето деца, вклучувајќи облека, храна, здравствена заштита и образование.

Имаат многу опции за трошење или инвестирање на своите пари. Не само што имаат различни животни планови и распореди, туку им се дава можност поинаку да ја уредат куќата или станот – имаат фитнес-сала, студио, дополнителна гардероба и слично.
Без разлика на приходите, полесно им е да го организираат своето време, бидејќи на децата им е потребен и одреден структуриран распоред.
Покрај можностите за шопинг и слободното време, паровите со двоен приход може да имаат можност да ги инвестираат своите дополнителни пари, па затоа инвестираат во акции, обврзници или недвижен имот.
Автор: Дубравка Прпиќ Знаор