Марко (11) не сака да оди на училиште. Во една пригода, многу изнервиран, ми рече:

– Па јас половина живот одам во тоа училиште!

Во прво одделение училиштето ги потсетува децата на периодот на играње во градинка и затоа повеќето деца го сакаат училиштето. Но, процентот на деца што го сакаат училиштето се намалува од одделение до одделение. Уште во трето одделение само 50 % од децата изјавуваат дека сакаат да одат на училиште, додека во петто одделение ваквите деца се повеќе исклучок отколку правило. Зошто е така?

Зошто децата не го сакаат училиштето:

Природното учење е занемарено.

Ѓорѓе (5):

-Училиштето е нешто многу сериозно.

Во текот на првите седум години од животот детето е во процес на природно учење. Преку игра стекнува нови знаења, а ова учење е без принуда, спонтано, поддржувачко. Кога оди на училиште, играта која детето дотогаш ја знаело се менува и постепено исчезнува. За разлика од учењето преку игра, училиштето бара учење само по себе. Никој не му објаснува на детето зошто некои области се важни и со која цел треба да ги совлада. Така, со текот на времето се добива впечаток дека учењето е бесцелно и дека единствено важно е да се добие најдобрата можна оценка.

Училишни програми

Јована (11):

Книгата вели дека универзумот се шири. Дали е тоа точно? Но, каде се шири?

Исто така, Јована на училиште научила дека планетата Земја е во форма на топка и дека постојано ротира околу својата оска. Потоа во книгата била прикажана картата на светот, под која пишувало дека во центарот на таа карта е континентот Европа, односно на Земјата. Нејзиното прашање било повеќе од логично:

-Ако Земјата е топка, па сè уште се врти, како може некој континент да биде во центарот?

Креаторите на училишната програма и авторите на учебниците инсистираат дека тие се направени за „просечно дете на одредена возраст“. Но, се плашам дека ниту едно дете не било просечно додека не отишло на училиште.

Нефер однос ученик-наставник

Наставникот смее да задоцни на час, детето не смее. Учителката смее да му викне на детето, но детето не смее. Наставникот му се обраќа на детето со „ти“, а детето му вели „вие“. Со својот став, однесување, а понекогаш и на отворен начин, односно вербално, наставникот вели: „Јас знам, ти не знаеш.“ Авторитетот на наставникот мора да постои, но прашање е дали овој авторитет е стекнат и заслужен или очекуваме да се земе здраво за готово.

Андреа (8) уште од првиот училиштен ден зборува дека не ѝ се допаѓа наставникот и не пропушта можност на разни начини да ја потсетува околината на тоа. На пример: Ние сме семејство на црви. Баба е црв. Дедо е црв, мама е црв, тато е црв, јас сум црв… Учителката вели дека сите сме големо семејство, но јас никогаш не би ја сакала во моето семејство.

А во вашето семејство со црви, како би се викал наставникот?

Глистерда.

Концептот на училишниот ден

По 45 минути математика и 5 минути пауза, дали ќе ве интересираат 45 минути биологија? Училишниот систем на една земја го олеснува или отежнува учењето, во зависност од тоа колку ги следи интересите на децата и која е целта на тој систем.

Маријана (8):

Малата пауза служи за малку одмор, а големата за малку повеќе одмор.

„Дали тој голем одмор е доволно голем?“

– Најдоволно е кога ќе си одам дома.

Во некои други земји, заедно со многубројни други промени во однос на нашето образование, има т.н. блок-настава каде што децата учат еден предмет неколку часа. Забележано е дека во таков систем на работа децата покажуваат помал отпор, а полесно ги усвојуваат материјалите, подобро паметат и повеќе ги сакаат.

Коста (6) убаво објаснува: Училиштето служи само за завршување.

А по училиште, што ќе се случи?

-Ништо, потоа си слободен човек.

Извадок од книгата „Како се читаат децата“ од Јелена Холцер (Лагуна 2021)

Извор



912

X