Оваа година во медиумите имаше извештаи за хоспитализирани деца во Обединетото Кралство по консумирање „слаши“ (вид пијалак направен од мраз со вкус). Двегодишно дете се онесвестило откако испило од кашестата маса која неговите родители ја правеле дома. Лекарите подоцна потврдиле дека шеќерот во крвта на детето паднал на екстремно ниско ниво, што предизвикало хипогликемија.
Се шпекулирало дека оваа реакција е одговор на соединенијата на глицерол во полузамрзнатиот пијалак. Случајот довел до истражување за безбедноста на глицеролот, особено за малите деца.
Што е глицерол?
Глицеролот, познат и како глицерин, е вид јаглехидрат наречен шеќерен алкохол. Се смета дека е генерално безбеден како додаток на храна од страна на Управата за храна и лекови (ФДА). Бидејќи глицеролот не се смета за дел од балансираната исхрана, ФДА не утврдила прифатливо дневно ниво на внес. Сепак, консумирањето големи количини одеднаш може да има благо лаксативно дејство и да предизвика главоболки, гадење, па дури и хипергликемија.
-Кај малите деца шеќерните алкохоли, како глицеролот, може да предизвикаат гадење и повраќање, како и низок шеќер во крвта, а и напади и кома – изјавила Меган Мартин, педијатар.
Таа истакнува дека во САД немало сериозни реакции на глицерол како во Велика Британија, но сепак ги повикува родителите и старателите да бидат внимателни бидејќи таквите ситуации се „потврда дека глицеролот може да направи проблеми“.
Глицеролот се додава во „слаши“ за да се добие густина на пијалакот, но не замрзнато. Важно е да не се консумира голема количина глицерол за кратко време. Сепак, како и со секој друг додаток на храна, несаканите ефекти поврзани со прекумерната потрошувачка зависат од телесната тежина.
-Бидејќи децата на возраст од 10 години и помали имаат помала телесна маса, тие се со поголема веројатност да претераат со глицеролот отколку адолесцентите и возрасните – предупредува педијатарот Ешли Ким.
Кој не треба да консумира ваков пијалак?
Откако малите деца биле хоспитализирани поради пиење „слаши“ во Велика Британија, Шкотската агенција за стандарди за храна (FSS) објавила дека пијалаците со глицерол не се безбедни за деца под 4 години. Децата на возраст од 10 години и постари треба да ја ограничат консумацијата на едно „слаши“. Во САД нема препораки, но педијатрите укажуваат дека е препорачливо да се следи шкотскиот пример.
Патем, глицеролот природно се наоѓа во медот и растителните масла, а понекогаш се додава во сладолед, сушено овошје, енергетски бар-плочки, зачини, гумени бонбони, сосови и намази во тегли, бел слез и глазура за колачи.
912