Воспитување

Овие „трауми од детството“ се особено тешки за решавање – не создавајте им ги на вашите деца

Кога ја спомнуваме „траумата од детството“, понекогаш првото нешто на кое помислуваме е еден вид храна што навистина сме ја презирале уште од градинка, или пак првото нешто што ни паѓа на ум е некоја наша особина поради која нè задевале на училиште, а понекогаш тоа е нешто за кое не сакаме да зборуваме или да се сеќаваме. Некои од нашите трауми се под влијание на нашите родители, нема сомнеж за тоа. Речиси секогаш е несвесно и ненамерно, поради што можеби сме во можност да привлечеме внимание на она што треба за да се запре насоката пред искуството да се претвори во траума.

Канадскиот терапевт Морган Помелс споделил листа со работи што родителите треба да престанат да им ги прават на своите деца за да спречат создавање траума во детството. Помелс е специјализирана за детска траума и споделила корисни совети кои родителите треба да ги користат додека ги воспитуваат своите деца. Еве неколку однесувања кои според неа предизвикуваат трауми од детството:

Викање штом ќе се вратите дома од работа

Кој сака да се сретне со некого ако знае дека ќе му се развика во истиот момент?

Игнорирање на семејството и молчење кога сте вознемирени

Сакаме да ги научиме децата да го споделат тоа што го чувствуваат со нас, да ги препознаваат нивните чувства и слично. Но, ако не го сториме тоа ние, каков пример даваме?

Будење од гласни звуци или викање

Викањето никогаш не е добра опција, особено во моментот кога ќе ги отвориме очите. Не се мисли на забрзување на повикот за будење, кој понекогаш може да биде погласен, но викањето од моментот кога ќе ги отвориме очите навистина создава траума со текот на времето. Покрај тоа, викањето му штети на нервниот систем на детето. Помелс додава дека родителите не треба да ги будат своите деца со „гласни или агресивни звуци“. Истакнува дека психолошки, викањето на децата само го оштетува нивниот нервен систем и ги поттикнува да се вклучат во акции „бори се или бегај“ – со што се создава чувство на страв.

Различен третман – за да биде јасно кое е омиленото дете

Науката докажала дека постои омилено дете и дека тоа е сосема нормално. Но, не е во ред тоа на сите да им биде видливо и јасно.

Изговарање на реченицата: „Јас сум најлошата мајка“ кога децата се повредени

Оваа реченица бара детето да се чувствува лошо бидејќи имплицира дека не мислите оти сте најлошата мајка, туку дека децата ја сносат вината за тоа.

Одбивање да се извините затоа што вие сте родител

Сите грешиме, без разлика дали сме родител, дете или некој друг. И кога е наш ред да се извиниме, тогаш е наш ред да го сториме тоа. Во спротивно даваме до знаење дека сме совршени, што ниту е точно ниту пак сакаме да создадеме такво мислење кај детето.

Очекување целото домаќинство да оди на прсти кога сте во лошо расположение

Ова е прилично лоша особина за родителите и може да создаде траума кај децата.

Необезбедување заштита на детето од другиот родител

Се разбира, овде зборуваме за ситуации кога другиот родител прави нешто погрешно или нешто што не би требало да го прави. Важно е во тој момент да застанете цврсто во одбрана на детето – без разлика во каква форма е тоа.

Очекување дека детето ќе ви даде емоционална поддршка

Ова често се случува со самохраните родители, кои очекуваат нивните деца да ја играат улогата на партнер кој повеќе не е со семејството. Се разбира, семејството треба да остане заедно, но децата не треба да преземаат ниту една од улогите на родителите.

Неправеден третман кон децата затоа што „светот не е фер“

Ова всушност не ги „подготвува“ за ништо, без разлика дали ние мислиме поинаку.

Гледање на децата како продолжение на себе

На некој начин тие се наше продолжение, да, но она што е важно е дека тие се многу повеќе од тоа и тоа не смееме да го заборавиме.

Верување дека децата треба да бидат благодарни затоа што ги храните

Тоа е основната работа на родителите. Ако родителите активно користат некоја од овие тактики во нивниот родителски стил, тоа само ќе предизвика незадоволство кај детето и драстично ќе влијае врз неговата самодоверба.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top