Наместо на училиште, деветгодишната Рамона и седумгодишната Џуно со своите родители одат на пикник, сурфање и кајакарење. Нивните родители, Луси и Тим Атикенрид, не веруваат во традиционалната настава во училница, па ги школуваат сами дома.
Животот во Лондон им станал досаден, па затоа почнале да патуваат. Во 2013 година ја посетиле Германија и се воодушевиле од методот на учење што го откриле во една детска градинка. Децата во градинките таму сами можат да одлучат што сакаат да учат. Семејството се преселило во Нов Зеланд и сега ја практикува оваа метода.
– Имаме бавни утра и не стануваме пред да испиеме неколку шолји чај. Потоа одиме на сурфање или пешачење, понекогаш во музеј или уметничка галерија – вели Луси, која заработува како блогерка.
Смета дека е поголема веројатноста децата да успеат во животот ако имаат време да се занимаваат со она што ги интересира и да учат за тоа.
– На училиште ја немаат таа слобода. Таму мора да учат работи што воопшто не ги интересираат и тоа може да биде парализирачко. Мојата постара ќерка веќе ја напиша својата прва книга и сака математика – додава мајката.
Нејзиниот сопруг Тим работел како наставник во едно лондонско училиште и сега е среќен што таблата ја заменил со учење во природа, опкружен со кокошки и крави.
912