Овчите сипаници (варичела) се вирусно заболување кое најчесто се пренесува преку контакт, од човек на човек, а ретко може да се пренесе по воздушен пат. Иако е заразна детска болест, може да ја добијат и возрасните што не ја прележале, а тие покажуваат многу посериозни симптоми од децата. Треба да се напомене дека доколку трудниците заболат од варичела, треба да бидат под интензивен лекарски надзор. Деца до 14 години во 90 отсто од случаите доаѓаат во контакт со вирусот на сипаници.

Како да ги препознаете овчите сипаници?

Инкубацијата е периодот од првиот контакт на пациентот до појава на болеста и трае од 10 до 20 дена. Потоа детето два дена се чувствува слабо, има температура, мачнина или повраќање, а потоа исип кој трае и до осум дена.

Болеста се манифестира во вид на црвени дамки кои во рок од неколку часа се претвораат во проѕирни овални меурчиња на кожата кои се во дијаметар од два до три милиметри. Околу дамките има остар црвен раб.

Кожата најчесто е зафатена, но плускавци може да се појават и на мукозните мембрани на устата, очите, гениталиите и внатрешните органи. Во меурчињата има чиста течност која се заматува по два дена. Потоа меурите спонтано пукаат и се придружени со чешање. Најпрво се појавуваат на лицето и во пределот покриен со влакна, зад увото и на вратот. Меурчиња се појавуваат постепено, додека некои созреваат, пукаат и се претвораат во красти, па се формираат нови.

Поради чешањето, детето ги гребе и на тој начин се претвора во краста која може да остави лузна. Ако на меурот му се дозволи да се замати и да пукне сам, без гребење, тогаш не остава лузни. Детето што имало варичела стекнува доживотен имунитет, иако има исклучителни случаи кога детето првиот пат заболело, но не стекнало доволен имунитет (лесна форма на болеста), па може повторно да се зарази со сипаници.

Дали постојат некои компликации?

– Ако детето ги гребе со валкани прсти, може да дојде до воспаление на кожата и може да се зарази со стрептокока или стафилокока. Ова се случува ако детето живее во лоши хигиенски услови, ако има екстремно висока температура или ако живее во екстремно влажен стан.

– Во ретки случаи може да се јави пневмонија, воспаление на срцевиот мускул, воспаление на црниот дроб, бубрезите, панкреасот или воспаление на зглобовите.

– Воспаление на малиот мозок добива едно од 4.000 деца. Детето почнува да губи рамнотежа, се тетерави, има вртоглавици, се тресе иако нема температура, му треперат очните јаболка.

– Најсериозна компликација е воспаление на целиот мозок. Оваа компликација погодува едно од 35.000 заболени деца. Во оваа состојба може да се појави и мозочен удар. Потоа доаѓа до спазам на целото тело како кај епилепсија, нарушување на свеста и може да се одземе одреден дел од телото. Оваа компликација е опасна и тешко е целосно да се излекува.

Како да ја третирате болеста?

Оваа болест е лесно да се препознае дури и без лабораториски тестови на крвта. Специфична е и тешко може да се помеша со друга болест. Детето треба да биде изолирано дома бидејќи е многу заразно за другите деца, а ризикот од инфекција трае додека детето има свежи плускавци. Неопходно е детето да се одмори и да пие доволно течности. Покачената температура треба да се намали само ако е над 38,5 Целзиусови стпени.

Против чешање, кожата треба обилно да се премачка со течна пудра со анестетик. Кај многу мали деца, на рачињата може да се стават памучни ракавици за да се спречи гребење на меурчињата. Се разбира, ноктите треба да се скратат. Понекогаш се препишува сируп за чешање.

Извор



912

X