Стиловите на учење се популарен концепт во психологијата и образованието и имаат цел да идентификуваат како луѓето најдобро учат.

Како поединци, различно ги апсорбираме и пренесуваме информациите. Различностите во учењето се рефлектираат во начинот на кој артикулираме, обработуваме и интерпретираме одредени податоци/разговори. Иако некои теми се тешки за разбирање, има луѓе кои лесно ги разбираат.

Секој ученик е уникатен и затоа се приспособуваме на сопствениот стил на учење преку школувањето и се држиме до она што ни овозможува најлесно да ги задржиме информациите.

Општо е прифатено дека постојат четири методи на учење. Станува збор за визуелно, аудитивно, кинестетичко учење, како и учење преку читање и пишување. Ова е краток опис на познатиот модел VARK на Нил Флеминг, претставен во 1987 година и дизајниран да им помогне на учениците и другите да научат за нивните индивидуални преференции за учење.

Визуелно учење

Ако станува збор за визуелен ученик, тој претпочита да користи слики, мапи и графикони за поефикасно да ги разбере и обработи информациите. Претпочита употреба на графички елементи наместо зборови. Сака да црта, да прави списоци и белешки.

Честопати таквите ученици цртаат, прават списоци или фаќаат белешки. Тие имаат голема корист од учебниците во кои материјалот е детално опишан преку визуелни елементи.

Како да откриете визуелен ученик? Насочете се на овие прашања:

  • Дали на ученикот му се важни уметноста, убавината и естетиката?
  • Дали визуализирањето на информациите му помага подобро да ги запомни?
  • Дали треба да ги види информациите за да ги запомни?
  • Дали ученикот посветува големо внимание на говорот на телото?

Ако одговорот на повеќето прашања е да, голема е веројатноста стилот на учење на ученикот да е визуелен.

Аудитивно учење

Аудитивниот ученик најдобро разбира преку слушање на информациите или активно говорење во ситуации како што се предавања или групни дискусии. Аудитивните ученици го користат повторувањето како начин за обработка на информации и како техника за учење. Тие се сеќаваат на работите што им се кажуваат усно.

Како да откриете аудитивен ученик? Насочете се на овие прашања:

  • Дали ученикот создава песни за да му помогнат да запомни информации?
  • Дали читањето наглас му помага подобро да ги запомни информациите?
  • Дали повеќе сака да слуша предавања отколку да чита од учебник?
  • Дали повеќе сака да слуша снимки од предавањето или поткаст наместо да чита од белешки?

Ако одговорот на повеќето прашања е да, голема е веројатноста стилот на учење на ученикот да е аудитивен.

Читање и пишување

Луѓето што го претпочитаат овој стил на учење најдобро ги обработуваат информациите преку читање и пишување. Тие фаќаат многу белешки и внимаваат да ги читаат нивните белешки за да ги апсорбираат информациите. Ги привлекуваат учебници, статии, списанија, романи, во основа сето она што има многу текст. Тие нема да се двоумат да се консултираат со речник за да научат нови зборови или да користат интернет за да најдат одговори на нивните прашања.

Како да откриете дали ученикот го сака овој стил на учење? Насочете се на овие прашања:

  • Дали ученикот сака да прави списоци, да чита дефиниции и да креира презентации?
  • Дали смета дека учењето од учебник е одличен начин за учење нови информации?
  • Дали фаќа многу белешки на часовите и додека чита од учебник?
  • Дали претпочита кога наставниците користат работни листови?

Ако одговорот на повеќето прашања е да, голема е веројатноста стилот на учење на ученикот е со читање и пишување.

Кинестетичко учење

Овој стил на учење му овозможува на ученикот најдобро да ги разбере информациите со користење тактилни репрезентации. Станува збор за практичен ученик и сака да биде во средината на сето она што се обидува да го научи.

Карактеристика на кинестетичките ученици е тоа што им е тешко да седат мирни и имаат потреба од чести паузи во долгите периоди на учење. Сакаат да глумат и учат преку интерактивни вежби.

Како да откриете дали ученикот го сака овој стил на учење? Насочете се на овие прашања:

  • Дали е добар во применети активности, како што се сликарство, готвење, механика, спорт и обработка на дрво?
  • Дали ужива во извршувањето задачи кои вклучуваат директна манипулација со предмети и материјали?
  • Дали навистина треба да вежба да прави нешто за да го научи тоа?
  • Дали му е тешко да седи мирно долго време?

Ако одговорите се потврдни, тогаш најверојатно ученикот го сака овој стил на учење.

Иако може да има специфични стилови на учење, не мора да значи дека сите ние спаѓаме само во еден. Ние учиме како да обработуваме и задржуваме информации дури и користејќи мултимедија и техники кои постојано се менуваат. Меѓутоа, со овие стилови може да се стекне подобра перспектива за тоа како да се имплементираат стиловите на учење.

Извор



912

X