Овие основни правила на однесување сите родители треба да им ги пренесат на своите деца.

Подучувањето на децата за правилата на однесување не само што развива почит кон другите, туку и создава основа за мирни социјални интеракции. Постојат одредени основни правила кои треба да ги знаат сите деца, а нивните родители треба да ја имаат задачата да ги научат на истите.

Децата треба да знаат да не ги прекинуваат другите додека зборуваат

Децата не треба да ги прекинуваат другите за време на разговор – ова е важно да го научат уште од рана возраст. Родителите треба да ги научат децата да чекаат на ред за да зборуваат, да развиваат трпение и активно слушање. Исто така, потребно е да ги научат децата да не ги прекинуваат другите, така што ќе ги ценат туѓите мислења и ќе ги почитуваат другите луѓе за време на разговорите.

Треба да се научат да чистат зад себе

Од играчки расфрлани на подот, до садови оставени на масата, учењето на децата да чистат сами по себе влева чувство на одговорност. Исто така, ова ќе им остане навика во иднина. Таквите деца ќе бидат помалку неуредни и нема ќе живеат опкружени со неред. Ќе ја научат вредноста на уредноста и почитувањето на сопствениот, како и заедничкиот простор.

На другите луѓе треба да им се обраќаме со почит

Зборувањето со другите со почит ја надминува потребата од примена на љубезен говор. Тоа вклучува покажување обѕир кон чувствата и перспективите на другите. Родителите треба да ги поттикнат децата да се изразуваат без да користат навредливи или зборови кои изразуваат непочитување и да создадат комуникација со почит и разбирање.

Да го чекаат својот ред

Учењето на децата да го чекаат својот ред е вредна лекција која ќе има влијание врз нивните животи во иднина. Редот може да се примени во различни животни ситуации, на пример, чекање ред во продавница, во пошта или додека си игра со други деца.

Потребно е да ги научите дека треба да побараат дозвола

Учењето на децата да бараат дозвола пред да земат или да користат нешто го зајакнува концептот на почитување на границите. Без разлика дали станува збор за позајмување играчка или влегување во нечиј личен простор, барањето согласност промовира меѓусебно почитување и воспоставува здрави односи.

Родителите треба да научат децата да споделуваат

Споделувањето играчки, грицки или искуства ги учи децата на дарежливост и соработка. Родителите треба да ги охрабруваат децата и да ги научат да споделуваат различни работи со браќата, сестрите и пријателите, учејќи ги на радоста на давањето и чувството за заедница.

Извор



912

X