Индексот за основање на семејство, создаден од истражувачката веб-страница за патување „Ашер & Лирк“, го базира истражувањето на шест критериуми.

Веб-страницата истражувала 35 земји-членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) за да види кои се најдобрите за основање на семејство за 2020 година.

Индексот се состои од 30 критични статистики од доверливи меѓународни извори. Секоја земја има оценка заснована на овие статистики низ шест категории: безбедност, среќа, цена, здравје, образование и време. Во рамките на овие категории, секоја е поделена на пет подкатегории со кои се доаѓа до конечната оценка.

На првото место е Исланд, со вкупна оценка од 5+ (А+). Норвешка е на второто, Шведска на третото, Финска на четврото, а Луксембург на петтото место. Сите земји што се најдоа на првите пет места имаа оценка 5+.

Кога станува збор за категоријата безбедност, на прво место е Исланд со 150,89 поени и оценка 5+, а веднаш зад него, на второто место, е Нов Зеланд. Третото место ѝ припадна на Данска, четвртото на Словенија, а петтото на Холандија. Од друга страна, најлоши земји според критериумите за безбедност се Мексико на прво место и САД на второ, а по нив Турција, Израел и Грција.


Во категоријата среќа, на прво место се најде Данска, на второ Луксембург, на трето место Исланд, па Шведска и Германија. Најлоши земји во оваа категорија се Јужна Кореја, Чиле, Јапонија, Унгарија и Мексико.

Во однос на образованието, најдобра земја за основање семејство е Словенија. На второ место е Холандија, на трето место Австралија, четврто Јужна Кореја и на петто Финска. Најлоши оценки во категоријата образование имаат Мексико, Израел, Луксембург, Чиле и Словачка.

Кога станува збор за породилно отсуство и времето што родителите го поминале на работа, како и платениот одмор и боледувањето, најдобра земја е Луксембург. Зад неа се Норвешка, Австрија, Финска и Германија. Најлоши се САД, а по нив, од второто до петтото место, се Мексико, Ирска, Велика Британија и Чиле.

Според истражување на „Ворлд ет ворк“, само 38 отсто од американските организации нудат платено породилно отсуство за сите или за некои вработени. Просечната должина на платеното породилно отсуство на оние американски државјани кои го добиле со целосна плата е 4,1 недела.

Не е изненадување тоа што сите скандинавски земји се рангирани добро во однос на основање и одгледување на семејство.

Извор



912

X