Сè почнало кога ќерката на Ендру Хис била казнета заедно со целиот клас поради тепачка што се случила меѓу нејзините соученици.

Бидејќи не можела да се помири со фактот дека наставничката го казнила целиот клас, таа почнала да истражува за ваквиот вид казна. Откако прочитала неколку статии, изразила загриженост и тоа му го кажала на својот татко, споредувајќи ја оваа честа практика меѓу наставниците со воените злосторства и давајќи убедливи аргументи.

Но, девојчето не застанало тука, почнало еден вид движење на отпор, па на 1 ноември се обратила до ученичкиот совет.

Фото: Twitter

– Ако казнувате цело одделение поради тоа што го направиле неколку луѓе, тоа повеќе не е казна за луѓето што се обидувате да ги казните. Станува промена на политиката. Ако сите ги ставите во затвор сега, повеќе нема да биде казна за луѓето што заслужуваат да бидат таму. Ќе стане нов вид домување. Нефер вид на домување, но повеќе нема да биде казна – пишува во нејзиниот есеј.

Ќерката на Ендру веројатно зборува за Женевските конвенции, серија меѓународни договори воспоставени меѓу 1864 и 1949 година. Поточно, вториот протокол, кој ја проширува заштитата на човековите права на лицата вклучени во тешки граѓански конфликти. Забрането е колективно казнување на воени злосторници, а во членот 33 од четвртата конвенција се вели дека ниту едно лице не може да биде казнето за прекршок што лично не го направило.



912

X