Денешните деца подобро се снаоѓаат во виртуелниот отколку во реалниот свет, додека некои обични, секојдневни работи не ги знаат.
Денес децата поголемиот дел од времето го поминуваат пред телевизорот или компјутерот, со многу помала физичка активност од препорачаната. Тие се вешти во разбирањето на технолошките достигнувања, но имаат тешкотии да навигираат во социјалните односи со своите врсници. Тие живеат во поинаков свет. Затоа тие знаат повеќе за тој свет, кој е нивни составен дел, отколку нивните родители. Од друга страна – некои обични, мали, секојдневни работи, денешните деца не ги знаат.
Така, дури 19 отсто од испитаните деца знаат да користат апликации на паметните телефони, додека само 9 отсто знаат да врзат врвки на чевли. Исто така, речиси 60 отсто од момчињата и девојчињата знаат да играат игри на компјутер или да се јавуваат на мобилен телефон. 25 отсто од нив знаат како да отворат веб-страница. Од друга страна, само 20 отсто од нив знаат да пливаат.
Променета улога на родителите
Сигурно е дека со развојот на технологијата значително е променета улогата на родителите. Веројатно нема ни да морате да го научите вашето дете на вештините за управување со паметни телефони, компјутери и други „чуда“ на технологијата. Ќе ги усвои спонтано, како составен дел од неговото растење. Од друга страна, сите овие „чуда на технологијата“ ќе го чекаат кога ќе порасне. Меѓутоа, играњето со топка, возењето велосипед, малите, секојдневни вештини, токму на соодветна возраст и на соодветен начин – подоцна нема да може да се надоместат. Вашето учество во ова е од непроценливо значење, на голема корист и задоволство и за вас и за вашето дете.
912