Бебињата уште во шестиот месец учат да се смеат, а смислата за хумор ја добиваат од родителите, односно се смеат на истата работа на која се смеат и нивните родители, покажува едно истражување.
Научниците заклучиле дека децата од шестиот месец, па сѐ до годината ги набљудуваат реакциите на родителите и така учат што е навистина смешно.
Во истражувањето што го спроведоа научниците од државниот факултет „Џонсон“ и Универзитетот „Д-р Џон Спероу“ во Њу Хемпшир, Америка, учествувале 30 дечиња заедно со нивните родители.
Најпрво на децата и на родителите им биле покажувани сликовница и црвена топка, а потоа со книгата фрлале по истражувачите, додека топката се наоѓала на нивниот нос. Една група се смеела на оваа случка, а другата само набљудувала.
Откриено е дека бебињата постари од шест месеци пред да изреагираат внимателно го набљудуваат изразот на лицето на нивните родители, додека бебињата до шест месеци ја набљудуваат случката со чудење без оглед на реакцијата на нивните родители.
Научниците истакнуваат дека со набљудувањето на родителите кај децата се развива софистицирана смисла за хумор.
– Децата на возраст од една година веќе почнуваат да размислуваат, односно сфаќаат што е навистина смешно, а што не – вели авторката на истражувањето, д-р Џина Миро.