Микробиом е назив за сите микроорганизми што живеат на нас и во нас заедно со нивниот вкупен генски материјал. Невозможно е да се избројат, но колку што се видовите поразновидни и микроорганизмите поздрави, толку се поефективни во одржувањето на доброто здравје. Некои истражувачи проценуваат дека микробиомот кај здравите возрасни лица може да тежи дури 2 килограми.

Болест, антибиотици, стрес и лошата исхрана влијаат врз здравјето на цревата. Затоа е важно да се разгледаат начините за подобрување на рамнотежата на здравите микроорганизми во текот на заздравувањето од болести. Здравата исхрана, која ги заменува некои од микроорганизмите и која вклучува храна за нивно „хранење“, е прв чекор кон обновување на здравјето на цревата.

Во бременоста се поставува бебешкиот микробиом

Бебињата се индиректно изложени на мајчината исхрана преку крвта од постелката. Откако мајката ќе ја свари и метаболизира храната, хранливите материи преку крвотокот се пренесуваат до бебето. Иако крвта на мајката и на детето не се мешаат, преносот на кислород и хранливи материи трае 24 часа дневно. Иако отсекогаш сме знаеле дека здравата исхрана во бременоста е важна, се појавуваат нови препораки за вредноста на одредени видови намирници кои помагаат во подготовка на цревата на детето по раѓањето.

Исхрана за трудници

Вашата чинија нека биде шарена. Јадете храна која се состои од свеж зеленчук во боја. Јадете овошје и зеленчук со малку месо, риба, бело месо и млечни производи. Избегнувајте да земате антибиотици ако е можно. Јадете храна која го намалува ризикот од прекумерна тежина. Целта е да се остане во границите на здравата телесна тежина.

Што е важно за микробиомот на новороденчето?

Избегнувајте ризик-фактори за предвремено породување. Важни се редовни контролни прегледи и оралното здравје на трудницата. Ако е можно, барајте вагинално породување бидејќи помага при преносот на „здрави“ микроорганизми од породилниот канал на бебето. Дојте го бебето колку што е можно подолго. Овозможете контакт кожа на кожа. Избегнувајте да користите антибактериски средства за миење на рацете и на телото.

Прва година на детето

Дојте го бебето колку што можете. Кога ќе биде доволно големо за да јаде цврста храна, вклучете исхрана со многу свежо овошје и зеленчук. Кога и да е можно, избегнувајте да давате антибиотици. Обидете се да не претерувате со чистењето на домот. Размислете за чувањето домашен миленик.

Што се пробиотици и како да се задоволи потребата за нив?

Пробиотиците се наоѓаат во храната која им помага на добрите цревни бактерии. Обично пробиотиците се наоѓаат во храна богата со влакна, која поттикнува раст на добри бактерии. Мајчиното млеко е богато со пробиотици. Ферментираната храна, како што се киселата зелка, доматот, празот и мешункастите плодови, е богата со пробиотици. Трудниците може да го зголемат внесот на пробиотици јадејќи многу свежо овошје и зеленчук.

Важно! Пред земање какви било додатоци во исхраната, важно е да се разговара со лекар.

Автор: Звјездана Бубњар

Извор



912

X