Законот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) во Србија содржи одредба за посебен стаж од 6 месеци за осигурениците што родиле едно, односно во траење од година дена за жените што родиле две деца.

Но, примената на таа одредба е одложена за почетокот на 2032 година, кога осигурениците ќе можат да почнат да поднесуваат лични барања за утврдување на таа категорија посебен стаж.

Дали мајките можат предвреме да се пензионираат?

За тие што не знаеле, законот предвидува и нешто што се нарекува посебен стаж. Жените ќе можат да поднесат барања за утврдување на тој стаж во 2032 година, доколку родиле едно или две деца, но тој стаж не може да биде услов за остварување право на пензија.

Годините на животот како услов за женските осигуреници ќе се зголемуваат до 2032 година, кога ќе се изедначат условите за жените и мажите на 65-годишна возраст и најмалку 15 години стаж. Условите за предвремено пензионирање се зголемуваат до 2024 година, кога ќе се изедначат и за жените и мажите и ќе бидат со наполнети 60 години и 40 години стаж. Значи, како услов за пензионирање и натаму се земаат само наполнетите години, стажот и платените придонеси.

Мајките на три деца не можат предвреме да се пензионираат, но можат да сметаат на поголем финансиски износ.

Доколку до 2032 година нема нови измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во Србија, мајките со едно или две деца за прв пат ќе можат да го остварат правото на посебен стаж, со броење шест месеци стаж за едно дете и шест месеци за две – една година. Засега ова право можат да го остварат само мајките со три деца, на кои овој стаж им се брои две години.

Иако на мајките со три деца многу повеќе би им значело доколку овие две години би им помогнале порано да се пензионираат (на пример, кога ќе наполнат 63 години да можат да се пензионираат како да имаат 65 години), Законот не го предвидува тоа.

Придонес, а не и осигурување

Од ПИО Фондот објаснуваат дека посебниот стаж не е стаж на осигурување и не може да биде услов за остварување на правото за пензија, туку само придонесува за зголемување на висината на пензијата. Затоа што како услов за пензионирање, сѐ уште се земаат само завршените години стаж и платените придонеси.

Затоа, ниту една жена која сега има три деца нема да може да смета на овие две години како услов за пензија, туку само како шанса за поголема пензија.

Идните пензионери со посебен стаж ќе имаат повисок коефициент, кој кога ќе стекнат право за пензија ќе се пресметува на крајот, а што, повторно пресметано, ќе значи дека жената работела две години подолго. Тој повисок коефициент ќе ѝ донесе поголема пензија. На пример, ќе ѝ се платат 37 наместо 35 години стаж, со кој отишла во пензија.

Истото важи и за мајките со пет или повеќе деца, на кои им се брои посебен стаж од две години, но не како услов за стекнување право на пензија.

Колку финансиски придобивки носи посебниот стаж?

На пример, ако на жена со три деца ѝ се одобри пензија од 30.000 динари врз основа на 20 години работен стаж, со посебен стаж од две години ќе ѝ се зголеми пензијата за 10 отсто, па таа би изнесувала 33.000 динари.

Жената која има две деца, за исто толку години стаж – 20, би добила зголемување од 5 отсто, односно 31.500 динари пензија, но од 2032 година.

Жените ќе имаат право на посебен стаж првпат само по 9 години. Поточно, дури во 2032 година ќе можат да поднесат барања за определување посебен стаж, доколку родиле едно или две деца, без разлика кога се родени децата.

За разлика од стажот на осигурување кој се утврдува врз основа на пријави запишани во матичната книга за евиденција, посебниот стаж се определува исклучиво по барање на осигуреникот и тоа со одлука, како што нагласуваат од ПИО Фондот во Србија.

Извор



912

X