Секое дете е надарено, а наше е да го препознаеме тоа – тврди германскиот научник и невробиолог Џералд Хутер и предупредува дека е неопходна радикална промена во разбирањето на воспитувањето и школувањето бидејќи застарениот училиштен систем им штети на децата и на целокупниот заедница, како во Германија, така и во остатокот од Европа.

Во неговата книга „Секое дете е надарено“, тој изнесува научни докази за своите тврдења. Хутер забележува дека родителите и училиштата прават сѐ што можат за да ги поттикнат детските способности. Имаме одлични ученици и студенти кои, сепак, се претвораат во губитници во деловниот свет. Причината, вели авторот, е што нашиот образовен систем се базира речиси исклучиво на трансфер на знаења и достигнувања, па затоа губиме многу неискористени таленти.

– Секој што сака да стане доктор, во нашиот училиштен систем мора да биде добар математичар, но не мора да биде и емпатичен во исто време. Досегашното сфаќање за надареноста и „интелигенцијата“ не само што е погрешно, туку е и многу опасно – објаснува Хутер.

Тој ја напишал книгата поттикнат од искуството и друштвото со деца кои биле отфрлени од општеството поради дијагнозата АДХД и прогласени за „проблематични“. Сепак, по само еден месец терапевтска работа на зајакнување на чувството за заедница, тимска работа и емпатија, децата покажале забележителен напредок во однесувањето и нивната надареност дошла до израз.

Разбирање на концептот на интелигенција

Со оглед на тоа што децата доаѓаат во светот со различни таленти, Хатер верува дека е многу несигурно концептот на надареност да се ограничи само на оние деца што се надарени во интелектуалното поле.

– Цениме ако некој брзо разбира, лесно се сеќава и е добар во аналитичко размислување. Но, можеби за 50 години ќе ги сметаме за надарени оние деца што имаат посебни таленти на социјално или емотивно поле – објаснува германскиот научник. Тој, исто така, посочува дека позитивната, отворена средина, исполнета со љубов и мотивација, позитивно влијае врз невролошкиот развој на детето.

Креативност

– Секое ново откритие во детскиот мозок предизвикува поплава од ентузијазам, каков што ние возрасните тешко можеме да замислиме. Тоа е најважниот двигател за понатамошниот развој на мозокот – вели тој и советува да престанеме да создаваме притисок и стрес уште во детството.

– Секое дете е гениј. Ние, родителите, имаме идеи и проекции и би сакале да го вклопиме во нашата слика за него и со тоа да го спречиме развојот на процесот – додава тој.

Хутер во својата нова книга истакнува дека училиштето може да прави што сака, но не смее да греши во едно: не смее да ги уништи посветеноста и страста на децата.

Совет до родителите

Дозволете им на децата да се дружат со други возрасни со цел да стекнат што е можно повеќе различни искуства. Баби и дедовци, фудбалски тренер, соседи, колку повеќе луѓе сретнува детето, толку е поголема шансата меѓу нив да има некој што ќе го види и ќе го сака таков каков што е. Исто како Пипи Долгиот Чорап – таа одговара на овој модел.

Пипи Долгиот Чорап е посебна, дива и тврдоглава, но таа е и страв на секој родител. Но, затоа има и жива фантазија, одговорна е за своите постапки и лесно се возбудува. Има неверојатен потенцијал.

Совет до училиштата

Идеалното предавање треба да ги охрабрува и инспирира учениците да се впуштат во живот на ентузијастички истражувачи и креативци. Во тој случај, децата повеќе не би го користеле својот мозок за да запомнат сѐ што ќе им биде потребно за тестовите, туку за она што навистина ќе им треба во животот: да решаваат проблеми, да ги надминат предизвиците, да стекнуваат способности и вештини, да развиваат идеи и да ги откријат сопствените можности.

Извор



912

X