Воспитување

Неутешно плачење во првите денови од животот – како да го смирите бебето

Бебето штотуку пристигнало, но неутешно плаче цел ден – немојте веднаш да помислите дека нешто му фали, тоа само се приспособува на надворешниот свет. Првите денови од животот на вашето бебе се како ненадејно и непријатно будење бидејќи животот надвор е различен од удобната средина на вашата утроба.

Педијатарот Харви Карп, автор на книгата „Најсреќното бебе во соседството“, ги охрабрува мајките да се обидат да ја реплицираат околината на матката за своето новороденче во првиот месец, за тоа да може да се приспособи на новите животни услови со што е можно помал стрес. За таа цел, тој предлага пет техники кои се лесни за примена, а се најефективни доколку ги практикувате во исто време.

Повивање

Со повивање бебето ја задоволува својата потреба за чувство на сигурност што го обезбедува неговата околина во утробата. Со повивањето се контролираат и рефлексните движења кои можат да предизвикаат будење и плачење. Повивањето на бебето во текот на ноќта му помага да спие подобро, но само погрижете се да не е премногу жешко сега кога деновите се топли.

Странична или стомачна положба

Ако детето е нервозно и ако се обидете да го легнете на грб, ќе се чувствува како да паѓа, што може да го зголеми плачењето. Бебето го смирувате така што ќе го ставите настрана или на стомак, но никогаш не оставајте го без надзор и не заспивајте го во таа положба. Страничната или стомачната положба служи само за смирување на бебето, а идеално е да го поставите врз вас (додека лежите).

Гласот „шшшшш…“ е смирувачки

Гласно, остро „шшш…“ е музика за ушите на бебето. Овој звук го имитира шушкањето на вашиот крвоток што детето го слушало во утробата девет месеци. Исто така, ова е причината зошто таканаречениот бел шум го смирува новороденчето.

Нишање

Новороденчињата се како морнар кој стигнал на копно по 9 месеци пловење. Лежењето во мирно креветче може да ги налути. Ритмичкото движење има речиси хипнотички ефект врз нив. Смирувачки влијаат и лулашките, возењето со автомобил, нишањето на бебето или одењето со него додека го држите в раце.

Цицање

Понудете му на вашето бебе храна преку доење, шише или цуцла. Со цицање се ослободуваат „смирувачки“ хормони во мозокот на бебето.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top