Ако имате мало бебе и се бори со сонот, треба да знаете дека не сте единствените што се прашуваат зошто бебињата толку се мачат да заспијат. Се чини дека сте ги испробале сите совети за да го заспиете вашето бебе и тоа сè уште се бори да заспие кога е толку уморно.

Како вашето бебе да престане да се бори со спиењето?

Кога имате мало дете кое постојано плаче и е нервозно и дефинитивно не спие „како мало дете“, можеби ќе се обесхрабрите, но добрата вест е дека тоа може да престане. Постојат неколку причини зошто бебето се мачи да заспие, а штом ќе ја откриете причината, ќе му помогнете полесно да заспие.

Бебето е премногу уморно

Држењето на бебето будно подолго време, со надеж дека ќе се измори, за жал, може да има спротивен ефект. Бебињата што се преуморни или „престимулирани“ ќе спијат помалку и почесто ќе се будат. Меѓутоа, доколку внимателно ги следите навиките што ги има вашето бебе, полесно ќе процените колку време треба да е будно.

Знаците за спиење на бебето можат да дојдат во форма на триење на очите, проѕевање или поглед настрана. Ова е сигнал дека на бебето веќе му се спие.

Колку долго моето бебе треба да остане будно?

Новороденче до 6 недели: 45 – 60 минути
2-3 месеци: 1-1,5 час
4-5 месеци: 1,25 – 2,25 часа
6-7 месеци: 2 – 2,75 часа
8-9 месеци: 2,25 – 3 часа
10-12 месеци: 3-4 часа
12+ месеци: 3-6 часа во зависност од бројот на спиења

Нова развојна пресвртница

Сите бебиња поминуваат низ ментални скокови, односно развојни пресвртници на иста возраст. Со секој скок, вашето бебе учи нови работи, но тоа може да значи и дополнително вознемирување, нервоза и проблеми со спиењето.

Постои посебен период околу 6. месец кога бебето може да почне да чувствува вознемиреност/страв од разделба. Стравот од непознати може да започне околу 6, месец, да го достигне врвот помеѓу 8. и 18. месеци, а понекогаш да трае додека детето не наполни 3 години.

Растење на забите

Излегувањето на забите е честа причина што експертите сакаат да ја користат како главен виновник за нарушување на спиењето. Сепак, никнувањето на еден заб обично предизвикува непријатност неколку дена, но кај некои бебиња може да трае подолго. Побарајте помош доколку нервозата и борбата за заспивање траат подолго.

Прекумерната стимулација доведува до преуморно бебе

Бебињата се природни мали ученици, желни за истражување и игра и никогаш не сакаат да пропуштат ништо. Како родители, често се однесуваме инстинктивно и се трудиме да ја задоволиме таа љубопитност. Меѓутоа, иако е важно да се стимулира бебето, исто така е важно тоа да се прави умерено.

Малите бебиња многу брзо стануваат престимулирани доколку се изложени на премногу бучава, боја или имаат премногу активност.

Бидете внимателни кога станува збор за играчките што светат и создаваат бучава, бидејќи тие брзо можат да доведат до прекумерна стимулација.

Температурата и средината за спиење имаат ефект

Ако на вашето бебе му е премногу топло или премногу ладно, можеби нема да му биде удобно и ќе се бори со спиењето. Многу педијатри предупредуваат дека не треба премногу да го облекувате вашето бебе.

Кога бебето ќе се разбуди, извадете му ги пелените и/или чорапите и фатете му ги прстите на нозете. Ако му се премногу топли или премногу ладни, приспособете ја неговата облека за спиење или собната температура за да му обезбедите оптимални услови за спиење.

Рутините за спиење се неопходни

Речиси сите бебиња и деца еднакво напредуваат кога имаат предвидливи шеми на спиење и воспоставени рутини кои создаваат сигурност.

Рутините му помагаат на бебето да научи што следува во низа настани и што да прави како „учесник“ во рутината. На пример, ако воспоставите постојана рутина пред спиење, вашето бебе ќе научи дека на крајот од рутината следува дремка или време за спиење. Тоа ќе му помогне да сфати: „Ох, сега е време да се одморам“.

Како да се создаде добра рутина за спиење?

Најважната работа за рутината пред спиење е конзистентноста. Ова значи да ја правите истата рутина во исто време секоја вечер.

Извор



912

X