Раѓањето на кралското бебе е настан од национално значење, но и повод за национална прослава. Отсекогаш било тема на голем интерес и фасцинација на јавноста.

Поради медиумската лудост што владее околу кралското семејство, мислиме дека знаеме сѐ што треба да се знае за нивната бременост и раѓање, но тоа не е сосема точно.

Сите се сеќаваме на денот кога Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, го роди своето прво дете. Љубопитноста на јавноста за нејзиното породување беше неограничена, но, за жал, деталите не беа толку возбудливи, тие повеќе личеа на искуството на секоја жена.

Фото: Instagram

Престолот припаѓа според редоследот на раѓање, без оглед на полот

До неодамна законите стари со векови ги фаворизираа машките наследници во трката за круната. Една девојка може да го наследи престолот само ако нема браќа и сестри. Меѓутоа, денес машките и женските потомци имаат еднакви права на престолот. Како резултат на тоа, принцезата Шарлот (родена во 2015 година) стана првата кралска наследничка, односно четврта по ред. Пред неа се нејзиниот постар брат, принцот Џорџ, татко ѝ Вилијам и дедо ѝ Чарлс. Новиот член на британското кралско семејство, третото дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, е петто во низата наследници, едно место пред нејзиниот чичко, принцот Хари.

Во 1948 година британскиот министер за внатрешни работи присуствувал на кралските породувања

Британскиот министер за внатрешни работи Џон Роберт Клајнс мораше да отпатува во Шкотска во 1930 година за да присуствува на раѓањето на принцезата Маргарет, грофицата на Сноудон. Маргарет, ќерка на кралот Џорџ IV и помлада сестра на кралицата Елизабета, идната кралица, била родена неколку недели пред датумот на породување во замокот Гламис, Шкотска, и министерот морал да ги прекине сите работи во Лондон во тоа време и да патува за да присуствува на породувањето.

Кралицата Викторија, прабаба на кралицата Елизабета, имала девет деца, но ги мразела породувањата

Кралицата Викторија била првата во кралското семејство што користела анестезија за време на породувањето што ѝ ја дал доктор Џон Сноу. Кралицата примила хлороформ за ублажување на болката при раѓањето на нејзиното осмо и деветто дете, принцот Леополд и принцезата Беатрис. Нејзината одлука да земе анестезија била олеснета со популаризацијата на аналгетиците во светот во тоа време. Секако, кралицата јавно ги презирала породувањата, кои ги сметала за „опасни за животот“, а ги сметала и своите деца за грди и одбивала да ги дои.

Фото: Instagram

Кралските бебиња немаат презиме

Членовите на кралското семејство се „оптоварени“ со многу имиња. Принцот Вилијам е крстен како како Вилијам Артур Филип Луис, а татко му е Чарлс Филип Артур Џорџ. Многу од нив немаат презиме. Принцот Вилијам и принцот Хари го користеле „Велс“ како презиме во нивните апликации на училиште и кога се приклучиле на армијата. Тие го добиле тоа име од титулата на нивниот татко, принцот од Велс.

Кога се роди принцот Џорџ, Вилијам и Кејт не му дадоа презиме, а тој официјално е принц Џорџ Александар Луис од Кембриџ. Тој ќе може да го користи тоа име додека посетува училиште.

Вестите за раѓањето се објавуваат на дрвен штанд со ногарки

Вообичаено е вестите за раѓања и смртни случаи во кралското семејство да се закачуваат на оградата на Бакингемската палата, но тие честопати се изложени на украсен штанд со ногарки во предниот двор на палатата.

Извор



912

X